Правите разлика во облека и шминка за дневно излегување и за вечерно излегување?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Правам огромна разлика.
Имам одредена облека за секој ден и посвечена за излегување.
Не можам да разберам кога ќе видам некој накитен ко елка преку ден, облечен за до продавница или училиште. Се прашувам што облекуваат навечер.
Некој станува во 6 сабајле и става кило пудра па не им се гледа тенот, јака им душа за вадење на шминката ..што користат, шпакла? :а?:
Е за шминката можам да кажам дека се исто ми е. Не ставам многу, речиси воопшто, ниту секојдневно, ниту при вечерно излегување.
 
Има разлика...шминката моја преку ден е многу подискретна и јас сакам преку ден со минимална шминка да сум ..и таа што ја имам да е скоро неприметна.....само да нагласам очи и усни со сјај..
А за излегување сакам да биде нежна или да екпериментирам со сенки на очите..најчесто ги сакам оној мачкаст начин на сенчање на очи(пошто имам плави и многу добро изгледа тој cat-look) и тоа не би никако преку ден! ;)
А за облека мислам глупо е да се збори нормално дека има разлика....како прво сукњи и фустанчиња скоро и да не носам преку ден а после се разликува и со останати работи кои си имаат своја намена за соодветна прилика :)
 
Па разликата во шминката не е голема бидејки користам речиси иста шминка но само што вечерната е со малку појаки нијанси .инаку не перферирам нападна шминка ,секогаш сакам нежна,дискретна со меки тонови.
 
Енормна разлика во облекувањето .. Дење стандард носам нешто кежуал и полежерно - фармерка, патика, маичка, карирана кошула, палто ..

Ааа ноќе сум секогаш класично уфирцан, искрено не се сеќавам кога последен пат имам излезено без кошула и сако (сега зимно време и мантил).
 
Има голема разлика, особено кај шминката. Преку ден според мене доволно е да нанесеш пудра/коректор и обично лабело за свеж изглед, додека вечерната шминка се состои и од шминка на очите и некој впечатлив кармин. Кај облеката е малку поразлично, зошто со додавање на одреден акцесоар се менува целовкупниот изглед. На пример, совршена дневна комбинација е тесни фармерки со маица, но ако на ова додадеш високи штикли, плик ташна и впечатлив накит, инстантно добиваш совршен вечерен изглед.
 
Нормално има парчиња облека што можат да се прилагодат и за едното и за другото , ама дефинитивно треба да се прави разлика. Јас искрено не сакам провокативно облекување ни за дневна варијанта односно деколте + кратко + гол грб ми изгледа премногу ефтино и не остава простор за мажите да се запрашат што има под тој фустан , затоа што повеќето девојки сервираат се за во дискотека, а уште почесто и за дневни варијанти. За шминката не дискутирам , многу неупатени особено во изборот на истата и начинот на нанесување. Пудрата не е паштета !
 
580152_581263215225717_272859675_n.jpg
вака би пошла секаде дење , а нојче само ако одам негде в комши или на гости
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom