Правите разлика во облека и шминка за дневно излегување и за вечерно излегување?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Дали имате посебен стил на облекување, а за девојките и шминкање, кога станува збор за дневни излегувања и прошетки и кога станува збор за вечерни излегувања во дискотеки и кафулиња?

Некои не прават разлика и истата гардароба ја комбинираат без разлика за какво излегување станува збор.
А некои прават разлика.
Најчесто дневната гардароба е по лежерна и кежуал. Шминката минимална или пак и воопшто без шминка. Штиклите не се практикуваат. Затоа тука се ниските чевли, балетанките па и патиките.
А за вечерни излегувања дозволени се различни експериментирања и комбинации на гардароба. Шминката кај девојките е многу појака. И секако чевлите на висока потпетица се секогаш присутни за вечерните искачања.

Јас правам разлика. При дневни искачања само минимално шминка. Секогаш сум во ниски чевли и најчесто фармерки и блузичка некоја.
А за вечерни правам различни комбинации и речиси 99% сум во чевли на висока потпетица, а преку ден не можам да се замислам со штикли високи:)
И мене ме нервира кога ќе видам девојки преку ден во град се шетаат со чевли 12ка, со шминка 10 тони, со многу провокативна гардароба :nesvest:


Дали вие правите разлика?:)
 
Правам разлика.
Секогаш кога излегувам денски сум со патики или ниски чевли.Немам воопшто шминка или само минимална количина.Исто така не ставам накит или пак некој големи бижутерија обетки.
За навечер имам сосема поинаква гардероба.Носам штикли и секогаш сум нашминкана.
Освен ова со самото тоа кога ќе купувам гардероба гледам каква ми е потребна.Дали некој дуксерки ко за нашкола или пак посвечени или провокативни блузи.Неможам да се замислам преку ден да излегвам со истата облека која ја носам за вечерните излегувања...:pipi:
 
Еј,супер ти е темата. Ова тема е совршена за Битола и битолчанките.Значи кај нас 80% од девојките не прават никаква разлика и нон стоп во иста облека шетаат,без разлика дали се работи за дневно излегвање, вечерно или пак свадба!!!
И те како треба да се има разлика.Дневните излегвања се поопуштени,па таква треба да биди и облеката и шминката.А за вечерни излегувања и некој свечености се знај.Значи за секоја пригода има посебна облека,фризура и шминка.
Јас за дневни излегвања носам полежерна облека,без огромни деколтеа и пониски чевли,пошто патики скоро и да не носам.А за навечер се знај,повисоки штикли и појака шминка.Некогаш и навечер знам да излезам со пониски чевли во зависност од местото кај шо одам.Според мене облеката зависи и од местото кај шо одиш.Не можи да се облечиш исто и за Колосеум и за Кастро.
 
Правам разлика. Па да не правев ќе ми умреа нозете од штиклите.

Навечер ми се нема десено да излезам во патики (па ни во балетанки). Ама преку ден омилени ми се патиките. Со балетанчињата.
За дневни излагања ми се дешава да облечам сукња или кратки панталончиња (стриктно во лето - не можам на лето да носам долги фармерки), али тие никако нема да бидат многу кратки, што не е случај за вечерните излегувања. Навечер, исто така, се облекувам поразголено (на оние гужви во кафулињата, нема шанси да облечам долги ракави, дури и сред зима (освен моите ако не ме подберат)). И задолжителни се штиклите (абе и 2 cm да е, битно се вика штикла).
Накит ставам секогаш, омилен дел од гардеробата ми е. Али има некои парчиња кои ни за жива глава не би ги облекла преку ден (и други навечер).
Шминката преку ден ми е најминимална што може да биде. Малку пудра и римел. Друго ништо. За вечерно излегување ставам и сенка, туш и такви некои глупости, што преку ден нема шанси да ми се деси
 
Секако дека правам разлика..
Многу ми е грдо коа ќе видам некоја нагиздана сред бел ден шета низ градот дотерана како за на свадба. Кога излегувам дента сум порелакс и облеката ми е таква. Шминка никогаш не ставам кога излегувам дента. Дури и некогаш кога излегувам обична вечер (и пак зависи каде одам) сум облечена полежерно.
За вечерни журки (пошо во излегување ги вбројувам и журките и обичното седње на кафе) се знае каква е облеката и како треба да се искомбинира. Накит, штикли, поелегантни или поразголени маички...
 
И тоа дијаметрална. Многу ме нервираат неизживеани типки кои во училиште/на работа доаѓаат небаре на маскембал, во полна воена опрема.
 
Светлосна и тоа..За дневно излагање покомотно лежерно и едноставно со ненапдна и не толку истакната шминка.За навечер исто зависи од пригодата,ама се знае штикли и поистакната шминка,накит и се др што оде со тоа:wink:
 
Многу нормално дека правам разлика. Гардеробата ми е поделена за денски и вечерни излегувања. Чевлите исто така, па дури и ташните. Обично преку ден не се шминкам (искрено ме мрзи), ама за вечерно излегување - обавезно!:pipi:
 
Секако дека правам разлика преку ден најчесто сум во патики, балетанки или чизми ниски некои фармерки или панталони обична блузичка.За шминка ако сум расположена ке ставам нешто маскара и сјај.А додека навечер од некој пуста навика носам обавезно штикли и некоја сукма или фустанче шминка појака накит некоја ташна:toe:
 
За шминкање (ако може така да се нарече зашто користам само моливче), најчесто само навечер, а некогаш и воопшто не користам.... Преку ден ептен ептен ретко ставам, само ако има причина некоја (или онака ми текне :))

За облека... Преку ден сум во секој случај лежерно облечено (секако, има исклучоци, али тоа е најчесто кога има причина некоја...), а навечер зависи... Немам баш некоја желба за дотерување стално :) Иако се случува на периоди... Али најчесто зависи од тоа каде одам и со кого...

А нешто што највеќе ме нервира се високи штикли во школо :tapp:
 
Се разбира..тоа е другото и основно правило кое треба да го практикува секоја жена/девојка. Но се разбира дека нема да излезам преку ден ненашминкана, без пудра како мумија :tapp:..најчесто ја нанесувам шминката оптимално, според временските услови..а додека за вечерното излегување е сосем друга приказна, сепак..треба да се обрне повеќе внимание!
 
Секако. Најодбивно ми е кога ќе видам некоја колегиница, моја возраст, без никакви акни/црвенила на кожата, нашлапала пудри и ружови, па уште ружот ставен на неправилно место, на сред бел ден, на место каде е дојдена да се едуцира... За штиклите да не праиме муабет, од нив отрпнав веќе. :)
Не ја носам дење облеката за излегување, и шминка денски многу ретко ставам. А навечер, ми се случува да облечам нешто што го носам и денски во зависност од тоа каде одам. Ако одам на некое опуштено кафе или во Маракана/Кастро/Нештоутојстил нема ваљда штиклици да бапнам. Златни патичиња, евентуално балетанки на лето :)
Значи, муабетот ми е дека во зависност од пригодата навечер можам да облечам нешто што го носам дење, ама дење никогаш не носам нешто што било купено да се носи за вечерно излегување. :icon_lol:
 
Обично правам разлика. Меѓутоа знам некогаш и дневно време да се дотерам и да облечам штикли. Нормално дека има работи кои се само за вечерно излагање, и се знае каде се носат.

Зависи од расположението.

А шминка...ретко се шминкам. Се случувало и во дискотека без грам пудра да отидам. Пудра ставам кога ептен морам во некои ситуации.
 
Секако дека правам. Имам парчиња облека што ги носам за излегување преку ден и парчиња облека што се само за вечерни излегувања. Често ми се случува да носам штикли и преку ден, и сметам дека единствено нив треба да ги делам дали да ги носам преку ден или преку ноќ. Се разбира дека нема да облечам сандали со циркони, ама некои пообични зошто да не. :pipi:
 
Ретко се шминкам преку ден.За на школо се случува да ставам некогаш маскара и креон обично ставам само лабело или сјај едноставно немам навика да се шминкам за на школо.Додека за навечер се шминкам обавезно,и правам разлика како се облекувам за чаршија и преку ден.Штикли за нашколо не носам никогаш ,а додека ако испаднам преку ден за на кафе се случува да облечам ,а за навечер секогаш носам.:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom