Не ја намалувам сериозноста на ситуацијата.
Моите најискрено сочувство до фамилиите.
Но, не можам а да не споменам дека секој објективен човек го допира двојниот станард по ова прашање.
Убиен цивил е убиен цивил, не можам да најдам разлика дали е во Kabul, Baghdad, Skopje, Newtown, Jerusalem.
Приложувам еден застрашувачки податок во продолжение: во Iraq, 2004-2009, има *документирано* 66081 цивилни загуби. (J.A / W.L.).
(Да допрецизирам што значи документирано: двете страни ги *потврдуваат* овие загуби. Постои детална евиденција (позиција на drone, извршител, нарачател на акција) за овие убиства)
Тоа е околу 20 цивили кои се убиени на ден. Непрекинато, 5 години. Не е ова од тие работи кои можеш да ги прочиташ во некој пост и да продолжиш.
Молам да се размисли длабоко за ова: 20 цивили кои се *убиени* (најчесто додека седат во своите домови). ДНЕВНО.
(Да не заборавиме дека ние за нашите 5 во Смилково бевме подготвени за најлошото од најлошото.)
Зошто нема соодветна реакција и за тие загубени животи?
(Пострашен податок: околу 15,000 од тие цивили *не беа познати на јавноста*, значи беа чувани во папки, но и двете страни не ги соопштија)
(cf. потези на Сталин, бришење од историја, итн.; cf. војната во Afghanistan)
И тие се од нечија фамилија. Не верувам да некој мисли дека Америка прва го откри семејството и само таа има фамилии што ќе тагуваат, ако ѝ убијат цивили?
Не, сите тагуваат, секаде; секој нормален сочувствува (Универзално сочувство е единствен доказ за морал (Sch., A.))
Секој тагува и се радува на своите блиски.
А прашањето е: зошто различно толкување во медиумите? Зошто Obama плаче за своите, а туѓите 5 години ги убиваа?
(Не се сомневам дека се реални солзите, итн., што е разбирливо, дадено дека не е чист психопат.)
Повторувам: ЦИВИЛИ, не војници.
Слично и Палестина, итн. да не набројувам.
Однесувањето на светов е чист ужас. Посебно ако е познато дека *не мора* така да биде; што повлекува дека неко(ј,и) свесно го организира.
Прашање по кое треба да се размислува: дали постои разлика во владеењето на Нацистичка Германија и моменталното на државите кои владеат со светот?
После евентуално размислување, доаѓаме до заклучок дека не постои разлика *in concreto*, туку само техничка. (Техничка, во смисла, гинеле евреи или можеби гинеле палестинци). Од позиција на нормален човек, нема разлика.
А од позиција на медиуми, колку разлика има.. тоа е неверојатно, како настани во новела. Колку луѓе знаат дека гинеа (пред само три години) по 20 деца во Iraq, дневно, дома? (Документирано)
Колку луѓе знаат дека Hitler вршел геноцид на евреи и убил 6 милиони (Оспорено)? итн., ...