Еве , нешто што е едно од најзагрижувачките дејствија кое се одвива паралелно со нашата транзиција. Не ми е јасно која е целта на поделбата во една толку мала и убава земја? Зар не научивме доволно овие 18 години и не прочитавме доволно низ нашата историја за ваквото самоуништувачко расположение? Не сакам да ве масирам со филозофирање, ама ве поканувам сите , партиски членови и симпатизери, неопределени, Македонци , Албанци и сите други националности, луѓе од било кој град или село и класа во Македонија. Дајте да подискутираме како да се промени оваа негативна ситуација, реално да поработиме на ова , сите како Македонци, да си кажеме што ни пречи едни кај други, да ги измениме меѓусебните односи и да донесеме ете еден правилник на меѓусебно однесување и почитување.Сигурно испуштив да спомнам многу работи, затоа ве молам давајте идеи и ве молам бидете конструктивни и сериозни кон оваа тема, бидејќи сметам дека е многу важна за секој еден од нас.