Каков мобилен користите во моментов?

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Да се пофалам.... Денес си купив Siemens CX-70
Делува одлично, има доста добри к-ки за тие пари 8)

CX70_Front_Galatic_b.jpg
 
StenmarC напиша:
Да се пофалам.... Денес си купив Siemens CX-70
Делува одлично, има доста добри к-ки за тие пари 8)

CX70_Front_Galatic_b.jpg
Најубав еееееее! И јас сакав таков да си купам, ама се премислив за друг :D Уште важи онаа понуда да ми го дадеш мобилниот? :D :D
Ај со здравје да си го користиш, само убави абери да слушаш :D
 
Стенмарк, одличен избор. Според мене телефонов е најдобар за тие пари. Го терав брат ми да си купи ваков, ама он си купи Сони Ериксон К500. Образложение за некупување на CX70 му беше дека порано имал Сименс и сакал да смени :D
 
Мислам дека е подобар од К500, па ќе видиме. Ќе го чачкам сега едно 10тина дена има се да му дознаам. Има 9 реда дисплеј што е навистина одлично, за разлика од к500...
има и да опција да си бираш 5-6 начини на вибрирање :D

Него спејс што напраи со Ф-Секјур ??? Брат ми вика најдобро е ти самиот да го симнеш и да го инсталираш
 
Симнав и инсталирав еден антивирус програм. Мислам дека се вика PhoneSecure.
 
Нов “тројанец“ за мобилните телефони со Symbian OS

Корисниците на мобилни телефони со Symbian 60 оперативен систем повторно стравуваат од нов тројанец. Имено, оние кои го направиле вирусот, го направиле DoomBoot-A тројанецот, кој на мобилниот телефон го даунлоадира претходно познатиот вирус CommWarrior-B. Овие два тројанци ќе направат огромен Bluetooth трансфер и ќе ја испразнат батеријата на телефонот за помалку од еден час. Спорет Јамо Ниемели, од F-Secure, телефонот мора во тој период од еден час да се поправи, инаку сите податоци од него ќе бидат изгубени. Проблем кај овие тројанци е тоа што тие на никој начин не го опоменуваат корисникот дека неговиот телефон е заразен со вирус т.е. не се појавува никаква икона и ги нема на листата на активни процеси. Како и сите претходни тројанци за мобилните телефони и DoomBoot-A не е премногу раширен, па не постои поголема опасност од негово масовно ширење
 
Како да го поправиме во тој 1 час? Тоа е невозможно... го детектираат антивирусите овој вирус?
 
Acid напиша:
Како да го поправиме во тој 1 час? Тоа е невозможно... го детектираат антивирусите овој вирус?

Е тоа не знам ... мислам дека пишуваше дека при крајот почнуваат да се јавуваат веќе некакви грешки при се што ќе се обидеме да стартуваме, а телефонот работи се поспоро и поспоро :? :? :? :? :? :?
За антивирусите не знам :? :? :?
 
Ми го џапнаа телефонот. Устварти да бидам по јасен го заборавив во Кингбургер :D :D ..и некој си се почастил. Сеуште не знам дали има вртено од него, моментално е недостапен бројот.

Него сакам да ми каже некој дали телефонот може да се лоцира на сателит ако е купен во Англија? Јас мислам дека би требало да може, а? И каде да се обратам ако може? Во Космофон појма немаат.

Многу си го сакам.. не дека ми е за парите

nokia8910_415.jpg

Еве го, само со екран во боја :(
 
Може да се најде уште од одма. Не мора да иде преку Англија. Ако го знаеш IMEI-то - кодот што искача кога стискаш *#06# може одма да се најде, но за тоа ти требаат дебели врски во полиција и мобимак, или космофон. Кај нас ретко тоа се прави. Има добра работа. Ако е вртено од твојот број можеш да се видат броевите на кои вртел типот и преку нив да го најдат, но и за ова треба дебели врски. Искрено кажано шансите да го најдеш телефонот ти се 1% :( :( :( :(
 
Зошто дебели врски за второто?
Детална сметка може да добие секој, а после ти сам си ја вршиш „истрагата“. Ваљда не си мутав да свртиш 2-3 броја и да се распраш.

Јесда не верувам дека би ти кажале кој вртел... :wink:
 
Него, да не располага некој од вас со сочувана P800-ка или P900-ка и да сака да ја "омажи"?

Може и некое друго симбианче, ама 800-ката неможам да ја преболам одкога си ја шитнав! :(
 
Имам ваков
A52_black_front_big.jpg

А може и ваков да имам... другарче шитка за 50 евра... :lol:
7650_mainpage_s1.jpg
 
vodkamixx напиша:
Имам ваков
A52_black_front_big.jpg

И јас имам таков, ама си купив три маски од зелено пазарче и повеќето не можат од прва да погодат шо Сименс имам ;)
Шега на страна задоволен сум од телефонот иако би можел да си купам ист ко на Стенмарк ама не ми се даваат пари за телефон сеа.
Инаку маската (првата, сончев зрак низ виоки дрвја) ја купив бидејќи знаеф дека повеќето луѓе шо не даваат пари за телефон ќе си купат ваков а мразам кога имам нешто што секој втор го има.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom