Дали знаеме што јадеме?

  • Креатор на темата Креатор на темата *phoenix*
  • Време на започнување Време на започнување
Добро еве ја ќе напраам експеримент и ќе прекинам да пијам јогурт неколку недели почнувајќи од сега чисто за да видам дали ќе немам секрет во грло и нос насабајле.
 
Затоа јас си јадам све домашно произведено,во Берово имам баба и дедо,имаат крави,кози,кокошки,имаат Леи или Фолиии ги викаат полни со зеленчук како пример домати,пиперки (највеќе) имаат 5 корени јаболка и секогаш не снабдуваат и со свежи домашни јајца,со пилешко месо со здрав зеленчук и овошје и со зајачко месо па и домашно правено сирење кое е доста многу по вкусно од тоа купечкото! Да ги има тие услови човек би бил ептен среќен верувајте.Барем знам дека тоа што го јадам не е ризично по моето здравје :D
--- надополнето: 11 април 2012 во 16:47 ---
Добро еве ја ќе напраам експеримент и ќе прекинам да пијам јогурт неколку недели почнувајќи од сега чисто за да видам дали ќе немам секрет во грло и нос насабајле.
Имаш еден јогурт единствен во Македонија,кој не е толку вештачки како другите.Тоа ти е "Смојмирски јогурт".Можеби нема првиот пат да ви биде толку слаток како другите затоа што има вкус на матеница а тоа е како разултат на големата процентуажа застапена во составот на смесата а не све густин емулгатори и засилувачи на вкус како битолскиот јогурт!е тоа ти е правилен јогурт,иако јас си јадам домашно потквасено млеко,сепак ми праќаат по 5 шишиња таков јогурт и си замрзнувам :D
 
Имаш еден јогурт единствен во Македонија,кој не е толку вештачки како другите.Тоа ти е "Смојмирски јогурт".Можеби нема првиот пат да ви биде толку слаток како другите затоа што има вкус на матеница а тоа е како разултат на големата процентуажа застапена во составот на смесата а не све густин емулгатори и засилувачи на вкус како битолскиот јогурт!е тоа ти е правилен јогурт,иако јас си јадам домашно потквасено млеко,сепак ми праќаат по 5 шишиња таков јогурт и си замрзнувам :D

Ех ех, не сум до толку сеа да вртам и под дрво и под камен за еден јогурт, чисто сакам експеримент да напраам да видам дали е точно ова. А плус ја како што разбрав самото млеко како млеко е причинител за проблеми со секрет во дишни патишта, а не емулгаторите, ако грешам нека ме поправи некој.
 
Добро еве ја ќе напраам експеримент и ќе прекинам да пијам јогурт неколку недели почнувајќи од сега чисто за да видам дали ќе немам секрет во грло и нос насабајле.
Пробај да издржиш баре 25 дена
 
Пробај да издржиш баре 25 дена

Нема проблем за издржување, ќе пишам во темава отпосле дали ми се решил проблемот. А дали има врска фета сирење и обично сирење ако јадам?
 
Ех ех, не сум до толку сеа да вртам и под дрво и под камен за еден јогурт, чисто сакам експеримент да напраам да видам дали е точно ова. А плус ја како што разбрав самото млеко како млеко е причинител за проблеми со секрет во дишни патишта, а не емулгаторите, ако грешам нека ме поправи некој.
Да, млекото само по себе е штетно, без разлика дали е обработувано или не.Истото важи за сите млечни производи, ако сакаш да пробаш треба да избегнуваш да јадеш било како млечен производ.
 
Во секој случај овошјето и зеленчукот нема да ти ја покачат килажата, од нив нема да добиеш покачен холестерол и триглицелини, нема да добиеш слуз во респираторните органи, нема да губиш енергија уште при варењето на храната во желудникот, нема да допринесат до хормонски дисбаланс во организмот, па колку и да е прскано. За разлика од месото, млекото и јајцата.
Од друга страна малите деца се почесто заболуват од астма, бронхитис, пневмонија, проблеми со грлото, со крајниците и ушите... истите тие деца нека престанат да пијат млеко и ке бидат здрави како дрен, јас ова и го препорачав на една пријателка која имаше вакви проблеми со дечињата и од прва рака добив признание дека има ефекти. Родителите кои имаат ваков проблем со децата треба да пробаат, барем дваесеттина дена да не им дават млеко на децата и целиот секрет ке го снема.
Од друга страна внесувањето на повеке храна од растително потекло, макар и прскано, ке допринесе да имате повеке енергија, да ги симнете вишокот килограми и голем дел од вашите здравствени проблеми да ги снема.
Не ми е поентата да ве убедувам да не јадете месо и да ме пиете млеко, мегутоа мој совет е да ја редуцирате исхраната од животинско потекло, а во мегувреме јадете повеке овошје и зеленчук за ваше добро.

Кај мене па обратно беше кога бев помал и не јадев млечни производи (сирења, млеко, јогурт и сл) бев многу слаб со имунитетот имав бронхит, алегрии често и сл. Откако малку потпораснав и почнав да јадам и месо повеќе и млечни производи имунитетот ми е во нагорна линија. И да откако почнав поредовно да пијам млеко качив и на маса и на висина .. инаку се сложувам дека повеќе треба повеќе храна да се јаде од растително потекло но исто така да не се избегнуваат и млечните/месните производи.
 
Слуз ствараат млечни ВАРЕНИ производи (сирење, кашкавал, млеко и јогурт) како и житарки со ГЛУТЕН. Треба на двете да не реагира организмот па воопшто да нема слуз. Ако е некој осетлив на двете (најголем дел од популацијата) ако намали со едно ќе му се намали слузта ама нема скроз да се исчисти.

Кога гледам околу мене како шмркаат, ркаат, кашлаат и киваат никогаш не зажалувам што намалив млечни и житарки со глутен, синуси чисти, имунитет како што треба, топ :D.

Неварено млеко е корисно ама го нема, еднаш сум пробал и со вареново врска нема, како друг производ да користиш (многу подобар и стварно здрав).

Не се сомневам дека кај нас се ставаат и недозволени конзерванси и антибиотоци зашто така може да е хигиената лом а нема да добиеш тровање ама ќе се потруеш од конзервансите и додатоците само тоа нема никогаш да се докаже така да сите задоволни ;).

Од битолска павлака веќе два пати имам проблеми со стомак а како од ниедна друга не ми е ништо (српска, хрватска и од странство) знам дека во нашава ставаат некој додаток на кој ми реагира стомакот и нормално не ја купувам повеќе.
 
Site onie sto gi prskaat ovosjata i zelencucite za da bidat poubavi za oko, a mene na toj nacin me trujat so hemikalii i poleka mi go unistuvaat organizmot, treba da se tretiraat kako kriminalci i da lezat zatvor!
 
Еве што јадеме и пиеме. Знаеме, само ништо не можеме да промениме
03.09.2008, 17:49
Спасеноски нема одговори за бруцелозата во Битола
Притоа, министерот потенцираше дека државата 15 години трошела милиони евра за систематска борба против бруцелозата, но наместо да се намалува, болеста се' повеќе е присутна. „Жално е што се' уште зборуваме за бруцелоза кога се трошат пари за оваа намена, а болеста пак ја има“, нагласи министерот за земјоделство.
Тоа дека состојбата со бруцелозата во државата е алармантна покажуваат и официјалните податоци од Министерството за земјоделство. Според нив, 2000 година имало околу 2.000 заболени животни, а бројката лани стаса до 17.000 заболени грла. Во оваа слика е и еден фрапантен податок, дека секоја година околу 300 луѓе во Македонија заболуваат од оваа болест. Во Битола лани се регистрирани 17 заболени лица.

Датум: 08.11.2012, 17:53
Само 9 проценти од домашното млеко може во ЕУ
Само 9 проценти од домашното млеко ги задоволува европските стандарди за квалитет, а таа состојба треба да се промени за седум години преку стратегијата што ја подготви Министерството за земјоделство.
- Станува збор за стратешки документ кој го трасира развојот на млекопроизводството, подигнувањето на неговиот квалитет и задоволувањето на условите што ги бара Европската унија. Се надеваме дека до 2020 година ќе ги исполниме сите потребни стандарди и критеруми - изјави министерот за земјоделство, Љупчо Димовски.

Домати заразени со штетник завршиле на македонскиот пазар
05.11.2012 16:03
Тристотини тони заразени струмички домати се вратени од Русија и од Украина поради постоење на штетникот „тута- апсолута“, а македонските фитопатолози пуштиле петнаесетината шлепери со сомнителните домати да ја поминат границата иако станува збор за карантински штетник кој не смее да се извезува од една до друга земја, а по враќањето доматите завршиле на македонскиот пазар што е една од причините за драстичниот пад на цената на есенскиот домат, објави Канал 5.
 
Ццц, според википедија афлатоксинот е една од најканцерогените познати супстанци. Којзнае што се се увезува, а што избегнало контроли. Канцерогените болести не случајно се во пораст. Цигарата, тикви.

05/12/2012
Државниот инспекторат за земјоделство во досегашните контроли нема идентификувано присуство на афлатоксини во пченката.
- Мострите од пченката за човечка исхрана се веќе земени. Првите резултати од анализите се очекуваат утре попладне или во петок, истакна Рунтевски.

13/12/2012
Агенција за храна: Најдено присуство на афлатоксин во пченкарното брашно од Србија
Утврдено е присуство на афлатоксин над дозволеното во неколку примероци пченкарно брашно увезено од Србија, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство, повикувајќи се на извршените лабораториски анализи.

Датум: 14.12.2012,
Српското канцерогено брашно завршило на трпезите во земјава
За пекарски производи веројатно бил употребен околу еден и пол тон од српското канцерогено брашно кое беше увезено во земјава, претпоставуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
- Три до четири проценти од српското брашно со микотоксини дистрибуирано по македонските маркети во пакувања од 500 и 750 грама завршило кај потрошувачите и најверојатно е употребено за човечка исхрана, за изработка на пекарски производи. Останатите осум тони се веќе повлечени од промет - рече денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Дејан Рунтевски.
Казни ќе има ако се утврди вина кај увозниците. Но, според досегашните сознанија, пратките се стигнати со валидни резултати за исправност од Србија што потврдуваат дека брашното било во ред.
- Надлежните српски служби треба да ни кажат зошто резултатите од анализите покажале отсуство на афлатоксин, дали во моментот кога биле земени мострите брашното било исправно со оглед дека количествопто афлатоксини се зголемува во случај на несоодветно складирање - рече Рунтевски.
Агенцијата за храна и ветеринарство ги почна контролите со проверка на замрзнатата пченка за човечка исхрана. Резултатите покажаа отсуство на афлатоксини. Но, поради актуелната состојба во Србија, контролите беа проширени и во делот на производите од пченка - пченкарното брашно и гризот. Притоа, зголемени нивоа на афлатоксини беа најдени само во пченкарното брашно и тоа во три мостри, од тројца увозници. Резултатите за палентата и гризот се добри.
Се работи за 40 тони пченкарно брашно увезено во повеќе наврати од три различни фирми во Србија, но само 10 тони беа пуштени во промет.
 
Прв пат да приметам ГМО, и тоа од кога пробав здраво да се хранам. Во КАМ има евтини сардини со томато сос, јас ги јадам ради протеини, и на нив пишуваше дека има ГМО. Ме изнервира што пишува само тоа, некој да нема читано што е тоа ГМО нема ни да знае што внесува, веројатно ќе си мисли чисто омега3 дека има.
После почнав да јадам конзервирана риба од она Симе што го рекламираа, таму нема ни табела на протеини шеќери итн. :cautious:

ОБАВЕЗНО ЧИТАЊЕ ДЕКЛАРАЦИИ!
 
Читајќи језа ме фати...
Јас предлагам,наместо купечки јогурт....домашен.Така барем лезетски ќе си го пиеш;)
 
Прв пат да приметам ГМО, и тоа од кога пробав здраво да се хранам. Во КАМ има евтини сардини со томато сос, јас ги јадам ради протеини, и на нив пишуваше дека има ГМО. Ме изнервира што пишува само тоа, некој да нема читано што е тоа ГМО нема ни да знае што внесува, веројатно ќе си мисли чисто омега3 дека има.
После почнав да јадам конзервирана риба од она Симе што го рекламираа, таму нема ни табела на протеини шеќери итн. :cautious:

ОБАВЕЗНО ЧИТАЊЕ ДЕКЛАРАЦИИ!
Супер е ГМО тоа значи дека е исто квалитетно само поефтино...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom