Патрола на Алфите нападната кај ПМФ во Скопје, еден загинат, двајца повредени

  • Креатор на темата Креатор на темата Mad Maxx
  • Време на започнување Време на започнување

Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
Возраст
47
Патрола на полициската единица Алфи е нападната со огнено оружје околу 12 часот и 30 минути во близина на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во нападот, според првичните сознанија на Канал 5, има тројца повредени полицајци. Двајца се пренесени на скопските клиники. Од нив, според неофицијални информации, едниот е во тешка состојба. Третиот повреден е згрижен во Градската болница. МВР засега официјално не соопштува информации за инцидентот. На местото на настанот во тек е полициски увид. Во обезбедувањето на теренот и во потрагата на напаѓачите се вклучени и хеликоптери. На сите клучни крстосници низ Скопје има полиција. Засега не се знаат околностите и мотивите за нападот, ниту дали алфите биле во акција да апсат некого или во рутинска обиколка.

Почнаа да се зачестуваат вакви работи.Значи што подлабоко се копа поголеми црви искачаат.Да се надеваме дека не се сериозно повредени.
 
Во 12,30 на дневна светлина среде Скопје некој се дрзнал да пука против органите на безбедноста... богами големи црви се откопани...
 
За да се дрзнат среде бел ден да нападнат Безбедносни структури, не се црви..Змии се...Се надевам дека ова сево ќе заврши на најдобар ред, и дека повредените ќе се опорават...
 
За да се дрзнат среде бел ден да нападнат Безбедносни структури, не се црви..Змии се...Се надевам дека ова сево ќе заврши на најдобар ред, и дека повредените ќе се опорават...


И јас исто се надевам дека повредените ќе се опорават , а напаѓачите ( БИЛО ОД КОЈА НАЦИОНАЛНОСТ СЕ ) нема да преживеат долго :smir:
 
Починал еден од повредените полицајци.. работата е што пукањето беше на паркингот пред ПМФ, пред студенти кои одеа на предавања. Што барале Алфите таму, на таква тактички лоша позиција и меѓу толку цивили (доколку навистина се работело за тоа), ќе треба да одговорат тие што ги испратиле.. а тие што пукале, кај и да е ќе бидат фатени и казнети во иста мера.
 
еден од повредените полицајци го изгуби животот






Еден полицаец убиен, двајца повредени

Макфакс Коментари (20)
prazno.gif
prazno.gif
26.11.2008 14:29
policija-obezbeduvanje.jpg
Архива
Еден полицаец е убиен, друг е тешко ранет, а еден минал со полесни повреди во вооружен напад врз патрола попладнево во Скопје. Двајцата тешко повредени полицајци биле примени во Ургентниот центар во Скопје.
По констатирањето на прострелните и устрелните рани во пределот на вратот стомакот и екстремитетите, полицајците се префрлени на КАРИЛ, велат болнички извори за Макфакс, каде едниот починал.
Третиот полицаец е префрлен во Градската болница.
Полициска патрола од специјалната единица „Алфи“ била нападната со огнено оружје од возило во движење на паркингот кај Природно-математичкиот факултет, соопштија за Макфакс полициски извори.
 
ПМФ - ГАЗИ БАБА, во шумата во скопје кај сајмиште вооружени албански групи, на 500 метри од главната полициска станица во Автокоманда
 
На тој паркин пред ПМФ,околу ПМФ врие од наркомани и дилери,затоа имало Алфи таму,за да можат студентите мирно да си одат на предавања.А тие што се дрзнале да пукаат на полиција за брзо време ке дознаат што значи да се заебаваш со една ваква институција.
Нека му е лесна земјата на починатиот колега.
 
Hmm zatoa preksa na avtopatot za kumanovo imase tolku mnogu policia.
Ke gi fatat tie sto pukale.
 
Лесна му земја :( се надевам дека брзо ќе ги пронајдат.
 
Пред некое време пишав дека ...
Гвујо ама апсолутно непотребно решил да се закача со членовите на една од поголемите албански фамилии од Скопје.
Исто кажав дека тие не се глупави и апсолутно не се безазлени и типови кои што може да ги уапсиш за нешто што не го направиле.
Што факат... се случи.
Уште тогаш реков дека ќе има крв до колена.
:toe:
По сите `правила` помина месец дена и денеска се случи ова што се случи.
Јас незнам тоа владината машинерија какви информации ќе лиферува и кој уствари овој пат и зошто ќе биде крив.Искрено... прекинав и да ги читам и слушам.Нивните соопштенија се `коминикеа` од дебили за дебили.

Јас прашам :
Кој е вистинскиот кривец и оној што ја испровоцира крвта на овие полицајци денеска?
 
Трагедија голема... жално за семејството на загинатиот
 
Сочуство до семејството на загинатиот.Ризична професија...
Владата има добро надразнето некој нерв на големец...
 
Пред некое време пишав дека ...
Гвујо ама апсолутно непотребно решил да се закача со членовите на една од поголемите албански фамилии од Скопје.
Исто кажав дека тие не се глупави и апсолутно не се безазлени и типови кои што може да ги уапсиш за нешто што не го направиле.
Што факат... се случи.
Уште тогаш реков дека ќе има крв до колена.
:toe:
По сите `правила` помина месец дена и денеска се случи ова што се случи.
Јас незнам тоа владината машинерија какви информации ќе лиферува и кој уствари овој пат и зошто ќе биде крив.Искрено... прекинав и да ги читам и слушам.Нивните соопштенија се `коминикеа` од дебили за дебили.

Јас прашам :
Кој е вистинскиот кривец и оној што ја испровоцира крвта на овие полицајци денеска?

Што си ти бе?
Кажи што си знам Македонец не си.
Шпон си?
 
Зевсусе скроз ти се поместени перцепциите на животот.

Има само еден вистински поглед на сето ова а тоа е вистинска борба против организираниот криминал и мафијата.
Таа борба сигурно не е со ружи и бомобоњери.
Ако сето тоа беше Ала Бранко борба со октоподи и ракчиња, никому ништо не се прави, мафијата си работи легално, државата компензира илегално и овците на број и волкот сит, полицајците живи и здрави, децата се повеќе на хероин, опшеството се деформира во мафијашки правец, ќе имаш се повеќе деца со 14 години кои возат бесни коли, ќе имаш дрога во изобилие, шверц на свега и свачега.
Убаини.

Покажи малку почит кон животот на полицаецот кој го положи животот за граѓаните на Македонија да имаат подобра иднина.

Бог да го прости, лесна му земја и сочуство до фамилијата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom