Nasiot guru za Svetskava Kriza mislam deka malku gresi okolu stanovite ovde lokalno...cenite nema da pagjaat sigurno....duri mislam deka i ke rastat....

....poglednete od kade se NAJGOLEMITE nadvoresni prilivi vo MKD ??? i koi se nivnite targeti za trosenje...uuups "investiranje"..
.............................gasarbajteri od site vidovi i podvidovi i uslovno..voeni i poluvoeni platenici...se drugo vo Makedonija, sto ne e na budzet.......... e TROPA... !!!
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=9BAC3BA324007C4485D5D0F483E4C555 ???????
Упссс, грешката во науката што се вика н=1...
значи не можеш да носиш заклучоци од она што го гледаш и прецепираш само преку неколку обсервации....
сега е веќе факт дека паѓаат цените, не толку како резултат на светската криза колку што е резултат на нашиот сопствен хаусинг бабл од пред-НАТО-хистеријата која се провлече до сега...
Америка планира да интервенира со 7000 милијарди долари во санирање на економската криза.Може некој економист на форумов да каже од каде ги земаат тие пари ако се во економска криза?
Америка, овај не америка, американската влада... овај не владата туку американските даночни обврзници или уште поточно децата нивни... ќе го платат цехот... поточно владата ќе издаде обврзници со кои ќе се задолжи кај сопствениците на капитал и истите ќе ги лупне во банките....
Ајде еден апдејт на темава....
-Се погласни се пропонетите да додатни пакети за стимулус на реалниот сектор, се оди друри дотаму што се бараат бројки од 1.5 трилиони долари интервенции. Нивните тврдења се базираат на фактот дека монтераните мерки кои ги превзема ФЕД се уште не даваат ефекти врз реалниот сектор ( ФЕД ги спушти каматните стапки на 1%, реалната каматна стапка според некои експерти е близу нула-такаречи бесплатни долари). Кејнзијаците добиваат се поголем углед и тежина на нивните мислења.
Критичарите пак, кои овојпат не доаѓаат само класично од десната страна - која се залага за минимални државни интервенци - туку и од умерените економисти кои го поставуваат прашањето на ризикот од преголемото задолжување на државата - и комплетен колапс. Тимот на Обама предлага мерки за креирање на 2.5 милиони работни места, прашањата кои се поставуаат се дали има реални основи - или дали би биле ефикасни - така креираните вештачки работни места.
- Можеби јадрото на проблемот лежи во
асиметричните информации, или поточно нееднаквите, недовлоните инфомации кои моментално постојат и ги замрзнуваат пазарите. Имено, вреднувањето на акции, обврзници, капитал, и останти мутации на хартии од вредност е базирано на одредни модели како и рејтинг агенции кои го земаат во предвид ризикот и различните фактори. Сепак кризата од 2007/2008 засега ја покажува неефикасноста, недоволноста и неспособноста на тие модели и рејтинг агенции да ги предвидат можните ризици и текови на акции. Практично она што досега се мислеше дека представува некаква основа за пазарно вреднување се покажа како неточно. Оние кои не се мејнстрим(економсити приврзани на математички модели) добиваат во рацете аргумент за нивните тврдења - човековите постапки и акции не можат да се предстват со математички врски и модели, треба да се забележи дека дел од овие економисти се тие кои ја предвидеа кризата ама не и нејзиниот интензитет. Сепак едно е сигурно, ќе има економисти кои ќе дизајнираат модели кои ќе се вклопат во новонастанатата ситуација и највероватно ќе кркнат нобелова.
- По однос на овие прашања, на нееднаквите информации, некои од експертите бараат структурни реформи во регулативата - поточно во делот на сметководството. Односно, прилагодување на сметководствените стандарди како би во новонастаната ситуација прикажале пореални биланси, што е и главен проблем при спасувањето (не е баш најсоодветен збор, бејлаут).
- И покрај интервензионизмот кој се применува во САД, односно придвижувањето кон колективизам, тимот на Обама преку одредени изјави и ставови дава сигнали дека не се баш до толку комунисти, што пак укажува дека долгорочно америка пак ќе просперира како најсилна држава во светот.
- Експертите се сепак согласни по едно прашање, Америка нема да пропадне. Тоа го базираат на фактот што САД ги имаат собрано најпаметните луѓе на светот и ги имаат најсилните универзитети во светот и се лидери во технолошкиот прогрес што е и основа на растот. Без разлика на должината и интензитетот на кризата, тврдат експертите, силата на американската економија се нејзините образовни институции - пред се високошколските.
-Доста интересен е фактот дека пред пропаѓањет на Леман Брадрс скоро и да постоеше конзензус дека кризата е завршена.