Бројаници

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
БРОЈАНИЦИ

Зошто биле убивани Христијаните до 300 - тата година? Римскиот Цар Константин кога ги прашал тогашни тобоже “христијани” кој се задржале до денес “добро бе луѓе што точно сакате” ..овие му рекле –“ние си сакаме да си градиме камени градби –цркви да си ги цртаме внатре , да си правиме амјлии , БРОЈАНИЦИ , да си цртаме цртежи –икони , да си делкаме , да си вајаме , цртаме, да си пееме, молиме...”А целиот зачуден царот им одговорил- “дееее бе луѓе па за тоа ли ќе се тепаме колеме , ете ја на мој трошок ќе ви ги направам тие работи” . Стварно ? Тоа ли било НЕДОРАЗБИРАЊЕТО што однело толку многу животи ? Чудно ...па и сите римски храмови како и храмови на сите други поробени народи биле изнасликани , полни со цртежи , статуи , склуптури , кипови, резби , сите си кажувале молитви , си пееле песнички ..па никогаш никој не бил ни пипнат , ни удрен поради тоа а нели пак да биде убиен..или масовни убиства како што бил случајот со Христијаните

А за тоа дали апостоли се залагале за цртежи , амајлии , резби , кипови....види дела апостолски ...најмногу ова Дела 19 –ред 24 до ред 29 . цитат “ имено , еден човек , по име Димитриј , ФИЛИГРАНИСТ , изрботуваше себрени артемидни светилишта и на занаетчиите им донесуваше значителна печалба откако ги собра нив и работниците со СЛИЧНИ ЗАНАЕТИ им рече “Мажи вие знаете дека нашата благосостојба доаѓа од оваа работа а гледате и слушате дека овој Павле не само во Ефес туку речиси во цела Азија убеди и одврати големо големо множество луѓе, велејќи дека богови направени со раце не се богови. Впрочем не постои опасност само нашиов занает да биде презрен туку и храмот на на големата божица Артемида ќе се смета за ништожен....” Епа толку за “недоразбирањето “ дека било за амајли , кипови , цртежи, резби. Токму овие занаети биле најзагрозени од христијанството и негови најлути непомирливи противници. Па сепак тоа не ќе да биде доволна причина Римска држава да ги суди и ликвидира Хрситијаните до 300-тата година како “државни непријатели “

А ДЕКА ДО 300 - ТАТА ГОД ХРИСТИЈАНИ НЕ СИ ВЕЖБАЛЕ БРОЕЊЕ И НЕ СИ ИГРАЛЕ ИГРАЧКИ СО БРОЈАНИЦИ ТУКУ РАБОТАТА БИЛА МНОГУ ПОСЕРИОЗНА ......ТОА Е СИГУРНО
 
Е добро бе, имаш нешто свое да кажеш, или на секоја тема копи пејст на истото ќе правиш? Зарем Господ забранил да се молиме?
 
Е добро бе, имаш нешто свое да кажеш, или на секоја тема копи пејст на истото ќе правиш? Зарем Господ забранил да се молиме?

абе мое е

од моето си правам copy paste

хаххаа

па иста поента е на темите затоа

НЕЕ ЗАБРАНЕТА МОЛИТВА ....СИ ЈА ПИШУВА ВО НОВ ЗАВЕТ

АМА ПО ПОТРЕБА

А НЕ 5 ПАТИ 10 ПАТИ ВО ДЕНОТ ИЛИ СО БРОЈАНИЦИ......НЕМА НИКАКОВ РЕЗОН ВО ТОА
 
На бебето не му се дава веднаш месо, туку најпрвин се храни со мајчино млеко. После одредено време му се дава каша од овошје, и така натаму.

Слично е и во духовниот живот. Молитвата не се кажува по потреба. Таа се кажува постојано. Тоа на повеќе места се споменува во Светото Писмо. Но, не можеме веднаш да ја кажуваме постојано. Затоа се вежбаме на неа. Духовниот отец задава правило, и духовното чедо го исполнува тоа правило. Бројаницата е погодна за броење на бројот на молитвите кои треба да се кажат за да се исполни правилото.

Паралелно со молитвата, е и борбата со страстите. На почетокот молитвата е расеана, т.е. умот често пати мечтае и не се концентрира на зборовите. Свети Јосиф Исихастот вели, дека човек треба да каже многу молитви и да пролее многу солзи за да сфати дека таквата молитва (расеана), не е вистинска молитва. Сепак, Господ и таквата ја прима како подвиг на тој што ја кажува. Постепено, умот се навикнува на молитвата која се кажува, па почнува да ја слуша. Умот се сврзува за молитвата. Ваквата молитва треба да ја сместиме во срцето, односно умот да го внесеме во срцето и да се трудиме да пребиваме колку што е можно повеќе во молитва. Надворешно човекот изгледа нормално, може да разговара со некој, или да работи нешто, а внатре постојано се моли на Бога извикувајќи го преслаткото име на Господ Исус Христос. Ваквата молитва предизвикува умиление, и голема љубов кон се што е живо. Господ за момент може да придодаде и благодат, и тогаш молитвата станува уште поогнена.

Ете, гледате ли како со бројаница, броејќи одреден број на молитви според правилото зададедно од духовниот отец, со каква молитва можеме да се стекнеме. Тој пат го сведочат многу Свети Отци и го потврдиле со нивниот свет живот.

Да не заборавиме дека тоа не е некое идеалистичко - утопистичко зборување. Такви отци и старци има и денеска (па дури и во Македонија!! :helou:) кои ја имаат оваа умносрдечна молитва. Постои и повисок степен на молитва, а тоа е кога човекот се наоѓа на степенот на обожение.

Така браќа и сестри, се` што ни е дадено од Црквата, ни е дадено за наше спасение. Се` си има своја смисла и полнота во православната Црква, а таа убавина најдобро може да се разбере од внатре, а многу потешко од надвор (па ако се разбере од надвор, тогаш тој што ја разбрал би поитал внатре).
 
Слично е и во духовниот живот. Молитвата не се кажува по потреба. Таа се кажува постојано. Тоа на повеќе места се споменува во Светото Писмо. Но, не можеме веднаш да ја кажуваме постојано. Затоа се вежбаме на неа. Духовниот отец задава правило, и духовното чедо го исполнува тоа правило. Бројаницата е погодна за броење на бројот на молитвите кои треба да се кажат за да се исполни правилото.

Христос кажал како да се молат христијаните.Директно да му се обраќаат на Бог, просто и едноставно.

Што измислуваш разни правила кој ги задава некој отец, и незнам какви други глупости.Зарем Бог бара посебна обука за изведба на молитвите.
Со вакви приказни само ги одалечувате и тие што не ја читале Библијата,затоашто претеравте со ритуалности кои наводно човек треба да ги има покрај верата во Бог.
 
А оти не кажеш ти некоја ваква „приказна“, само да биде на вакво духовно ниво? Или не знаеш како треба да се моли човек, а само тераш инает?
 
А оти не кажеш ти некоја ваква „приказна“, само да биде на вакво духовно ниво? Или не знаеш како треба да се моли човек, а само тераш инает?

За какво духовно ниво зборуваш молим те.Многу високо духовно ниво е тоа со слики и амајлии да се молите.

И тебе ќе те прашам има ли човек потреба да оди на специјална обука за молење?

Христос многу едноставно одговорил на прашањето како треба да се молиме.
 
Како треба да се молиме, брат?
 
Како треба да се молиме, брат?

Туку молете се вака: Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое;
да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата;
лебот наШ насушен дај ни го денес;
и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници;
и не не воведи во искушение, но избави не од лукавиот, зашто Твое е царството, и силата, и славата во сите векови. Амин!
 
Брат, јас колку што знам, таа молитва сите христијани во цел свет ја кажуваат. А и колку што знам, вие се молите и со други молитви. Ти текнува на ова?

DSC08758.JPG

Бај д веј, има и молитви од (цитирам) светиите Августин, Јован Златоуст, Климент....и многу други истакнати христијани
 
Јас ти кажувам што рекол Христос, а ти од многу што знаеш застрануваш од Христовиот пат.
 
Темата се бројаниците.

А ти немајки Библиска подршка за бројаниците пишуваш за веб-страната што нема врска со нив.

Ако сакаш да ја докажеш нивната примена во православието мораш тоа Библиски да го докажеш.Инаку оставаш впечаток на многу несериозен соговорник.
 
А ти имаш ли библиска поддршка за издавање вакви молитви кои не се содржани во Библијата?
 
Не бегај од темата, кажи нешто за бројаниците.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom