Според Главен Урбанистички План (ГУП) за Општина Центар, Скопје, местото на кое сега во моментот е поставена градежната ограда не е наменето за кеј, туку за тампон зона помеѓу кејот и трговско-деловните објекти до него.
За оградата: Во цело Скопје, не сум видел на ниеден објект во фаза на изградба, толку прописно поставена ограда. Сите огради се некоја импровизација од арматурна мрежа со закачени ПВЦ фолии за темелење. Еден несакан удар од некој градежен материјал, и може да ги сруши. Конкретен пример - Одете кај поранешна Аркадија, иако не е единствен. Понатаму, самата висина на оградата ги почитува сигурносните мерки, дебелината на лимот, анкерисаните носачи на кои се држи истиот - се е тоа по пропис. Толку за тоа.
Пред да искоментирам нешто за објектот, да ве потсетам на еден проект - идеја на проф. Константиновски, која се појави во Скопје пред неколку години. Според проектот, целиот кеј, воглавно зафаќајки го делот кај плоштадот, да биде уреден во една културолошко-рекреативна патека - истиот да има јавни плажи, кои зимно време би се затворале и би служеле за нешто друго, да има мини штандови, почнувајќи од книжари и завршувајќи со кафулиња и ресторани. Самиот проект беше идеално решение за култивирање на запуштениот кеј, нудејќи атрактивни точки, каде младите би се движеле, па тие самите би воделе грижа за одржувањето на кејот. Проектот беше прифатен на разгледување во опш. Центар, и истиот мистериозно испари после неколку дена. Очиглено, на некој не му одговараше тоа. На кого? На кејските кафанџии.
За објектот: Не знам каков објект ќе се гради, вистина е тоа дека нема информациона табла на оградите, а можеби е и прерано за тоа, затоа што уште се монтира оградата, и објектот не е ни почнат. Само се надевам дека ќе биде градежен зафат, кој освен што ќе носи материјален профит на сопствениците, ќе придонесе и во обликувањето на сулиетата на тој дел. Точно е тоа дека местото има градежна линија, и дека за него постои маркица за градење. Единствени кои не беа помирени дека еден ден тука ќе се гради, беа сопствениците на кафетериите на кеј. И се надевам дека единствени оштетени, од повлекување на нивните, ионака прегрди и беобразни тераси, повторно, ќе бидат само тие.