Имам брат и сестра.
Со брат ми не се карам затоа што е 12 години помал од мене, дете е и му попуштам за се. Ама со сестра ми! Нема ден да не се искараме.. ма каков ден, нема минута да не се искараме. Таа е само една година помала од мене.. може да е љубомора во прашање, ама јас мислам дека пати од комплекс дека сум поубава од нејзе.



Шала на страна ама мразам кога измислува работи за мене само за да им се упикне на старите. Понекогаш дури и посакувам да ја нема.. ми се одмилува животот од нејзе. Кога го с`ска брат ми против мене.. како ми доаѓа да ја изнаплескам, ама не можам.
Јас како најстара треба да им попуштам на двајцата, понекогаш ни крива ни должна јас си го јадам стапот.

Ама што знам.. за годините мислам дека уште не е доволно созреана и дека е дете, може кога ќе порасне ќе сфати дека со постапките сега што сега ги прави повредила многу и ваљда ќе се поправи..
На никој не му пожелувам да има сестра како мојата.:icon_roll