MaxTV IPTV телевизија (Македонски Телеком) генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
Го има, рестартирај го ресиверот
Рестартирав ама го нема ( се пред 115 и после 116 има). Не е толку битен канал секако :)
ps Рестартирано софтверски и со вадење на кабелот од напојување
 
Последно уредено:
Каналот не е лош ама џабе кога нема превод никаков воопшто овозможено.

Туку некој спомна Dolby Digital audio е таков аудио квалитет имате на BBC Earth, E!, Mezzo, MTV Live, CNN..
 
Рестартирав ама го нема ( се пред 115 и после 116 има). Не е толку битен канал секако :)
ps Рестартирано софтверски и со вадење на кабелот од напојување
И јас сум на М пакет, го имам без да рестартирам.
 
Треба канали пред се на кој има превод затоа што гледаат и луѓе што не знаат толку многу англиски јазик а такви се и постарите луѓе од титово време.
 
Пред 3 дена монтирав во Охрид оптички интернет М пакет 100 со 50 брзина, Магента тв знае да сецни гласот малку (обично на програмите со HD слика) ама се случува скоро на сите, да не има некој сетинзи во ресиверот да се подесат.
Или ресиверот да не му треба апдејт.
 
Пријави на 122, јас на вдсл сум и немам такви проблеми

Sent from my M2101K9G using Tapatalk
 
И јас сум на М пакет, го имам без да рестартирам.
Интересна работа со каналов. Имам 2 андроид боксој и на едниот го има каналот на другиот не...
 
Ресетирај или исклучи го од струја и вклучи и ќе го има, а ако го нема сеуште јави се во контакт центар и прашај ги нив зошто го немаш.

На MaxTV кога додаваат некој нов канал во понуда ако го нема со рестарт се појавува каналот.

Туку каналов да вреди нешто баш и не зошто мислам се малку постари емисиите. Емисии каде претежно амерички големи куќи реновираат.
Овие Телеком не му имаат пуштено превод, не знам ни дали воопшто има македонски превод.
 
Последно уредено:
Не знам зошто не го стават и каналот Superstar 3. Често емитува и македонски филмови.
 
Ресетирај или исклучи го од струја и вклучи и ќе го има, а ако го нема сеуште јави се во контакт центар и прашај ги нив зошто го немаш.

На MaxTV кога додаваат некој нов канал во понуда ако го нема со рестарт се појавува каналот.

Туку каналов да вреди нешто баш и не зошто мислам се малку постари емисиите. Емисии каде претежно амерички големи куќи реновираат.
Овие Телеком не му имаат пуштено превод, не знам ни дали воопшто има македонски превод.
Подобро да ги стават каналите Хистори и Хистори 2, добри емисии имаат и одат со Хрватски превод.
 
За жал Телеком не ставаат било кој превод ако нема македонски или албански. Затоа нема овозможено на Diva, SciFi, MTV Еurope, Nat Geo Wild, Food Network, HGTV. Доколку некој канал има македонски или албански или опција и двата јазика превод тогаш може на некој канал да има и српски. Имаат на некој канали и залепен превод поточно нема во опција превод туку е директно на самиот канал.

На Star каналите видов има опција и албански превод ама кога го одбираш нема превод. До пред некој месец таа опција ја немаше. Не знам дали се тие канали воопшто преведени на албански или тек сега почнува да се преведуваат.

Друго мое мислење е дека глупо им е со преводиве што на некој канали не се ставени во опција да може кој сака да ги исклучи и вклучи или да има да бираш повеќе опција преводи доколку нема ни македонски ни албански.

На T Prime 1 M, T Prime 2 M, T Action M веќе ставиле EPG па сега барем се знае кој се филмовите бидејќи самите канали воопшто немаат ни најави а филмовите ги пуштаат без почетниот дел кај што се појавува насловот на филмот.
 
Штета, пошто ги видов на Мове Тв дека ги имаат во понуда, само не знам дали имаат превод, инаку таму гледав едно шоу пред повеќе од 10 години се викаше Pawn Stars.
 
Ќе биде и тоа. Веројатно ќе дојде денот и за тие канали на Телеком да е гледаат.
Автоматски споено мислење:

Јас сум за во MagentaTV во делот видео клуб да додаваат уште работи. Наместо делот Тв архива можеле да го средат одвоено и Eден на Еден и она со Биби и Боби како што си е National Geographic, DaVinci, Viasat World, Baby tv. Да не бидат во фолдер Tв архива. Да го направат во стил како што е на EON TV во Србија.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom