Бегање од дома на неколку дена.

  • Креатор на темата Креатор на темата kod
  • Време на започнување Време на започнување
dali znae nekoj kakose verificira alertpay acounttt...........
--- надополнето: 7 февруари 2012 во 18:26 ---
dali znae nekoj kakose verificira alertpay acounttt...........
 
Е ова ми е најсмешниот период од моето детсво мајке ми !

Ќе ме изнервираа нешо или ќе ме казнеа и ќе им речев: Да си знаете дека веќе нема да ме видите,ќе си одам !

И они: Ахам да,сигурно Филипе !
Јас: Е ајде бе,сеа ќе видите !

Пакувам 2 маици,1 шорцеви,2 кришки леб у ранец и искачам(у мегувреме ја трескам вратата) и пешачам 2 минути и се враќам дома:pos::pos::pos:

Со образложение: Ја забораив нешто ама ќе си одам да знаете !

И така ќе се смирам и ќе си останам дома,паѓам од стол коа ќе се потсетам на ова.
 
зашто да бегам кога можам комотно полека да искочам ?
 
ја ако избегам,поарно да не се враќам,лом ќе ме напраат :D
 
Сум бегал! И тоа многу се наљутив тогаш и во Берово заминав кај баба и дедо,ма ич не ми беше брига летно време,собирам облека имав пари за автобус пут под нога и ете ме в Берово!
Ме изнервираа многу тогаш!
 
Како мала моите ме заборавија на пазар ако тоа може да се смета за нешто. :) Иначе од мала имам навика да одам некаде, а да не кажам кај сум и се уште тоа го правам и ќе продолжам да го правам како што не ми иде паметот но никогаш би избегала од дома, е може да се преселам кога би имала услови но да бегам не.
 
Јас значи генгста уште на 4 год!
Избегав кај баба ми, а моите со полицији ме барале, па по радио мајками ме опишала што носам на себе.. абе лудница :tapp::pos:
 
Јас значи генгста уште на 4 год!
Избегав кај баба ми, а моите со полицији ме барале, па по радио мајками ме опишала што носам на себе.. абе лудница :tapp::pos:
исто и мене ми се има случено шест години кога бев мајками отиде на деловно патување и татко ми ме искара за нешто и јас отидов у детската соба се покрив преку глава и заспав и кај 9-10 саат овој почнал да ме бара секаден ,флегол у детската ама оти темно било само ќебето го видил и шо да праи човекот отидол у полиција пријавил ,па на локалната телевизија нешто како оглас имало:се бара изгубено дете на возраст од 6 гонини во таква облека ... после резил бев сите ми се смееја...
 
Бев седум-осум години, ме немаше цел ден и се вратив дури во 11 вечерта. Ме барале секаде, а јас на коцерт за Лепа Брена. :tapp:
 
Бев седум-осум години, ме немаше цел ден и се вратив дури во 11 вечерта. Ме барале секаде, а јас на коцерт за Лепа Брена. :tapp:
А ти знаш ли во кои два града пукнала првата пушка? :D хехехе
 
исто и мене ми се има случено шест години кога бев мајками отиде на деловно патување и татко ми ме искара за нешто и јас отидов у детската соба се покрив преку глава и заспав и кај 9-10 саат овој почнал да ме бара секаден ,флегол у детската ама оти темно било само ќебето го видил и шо да праи човекот отидол у полиција пријавил ,па на локалната телевизија нешто како оглас имало:се бара изгубено дете на возраст од 6 гонини во таква облека ... после резил бев сите ми се смееја...

И јас резил бев голем, после 5 години сите уште ме прашуваа ти беше она што се изгуби? :tapp::pos:
 
На 7 години заминавме на екскурзија од Христо Узунов училиштето во Охрид до Билјанини извори .. ама од таму со 2ца другари забегавме по плажите сами и сите деца се вратија дома им во 12 а ние шетавме по плажите .. моите дома скренале почнале да ме бараат кај сите деца оделе по дома да прашуваат за мене .. среќа не викнале полиција .. кога си отидов дома беше фатално .. заигра ременот на татко ми :)
 
хахаха леле се изнасмеав со случките погоре...:ROFLMAO: не дека сум избегала,али секогаш им се криев кога ќе ме искараа.Еднаш се сеќавам несакав да одам на час по англиски,на курс,и се скрив во гардеробот.Па можеби 2 саати дремев внатре покриена со алишта..незнам како сум дишела..битно не ме пронајдоа :P
 
Како мала ми се дашавало многу пати да им избегам,
првиот пат имав 6 години се сеќавам мајка ми многу ми викаше за некоја беља шо ја напрајв и јас така налутена боса истрчав на улица и правец кај баба ми, среќа таја блиску живееше само една улица не делеше..
ама финтата беше шо не сакав да ме види дека дојдов оти ке му кажи дома, па дека живееше на прв спрат и балконот беше низок со решетки и фатив се качив преку балкон влегов внатре и се скрив во гардероберот беше стар и голем :D
мојте ме барале како луди кај сите комшии кренале врева,
јас седејки сум заспала и дури некаде вечерта се разбудив баба ми направила кифлички и како невидена се шмугнав в кујна да јадам, кога ме виде баба ми зачудена целата од каде дојдов и одма му кажа на моите.. и кога дојдоа моите убаво ме пееја ама мене пак не ми дојде памет:D

инаку сега пресно кога избегав од дома беше лани знам сакав да одам Белград на концерт и мојте не ме пуштија и јас онака како што бев напукана фатив клучојте од колата и целата засилена фатив да одам на викендица, не беше многу далеку пола саат возење ама јас ко шо возев 40 од страв да не лупнам негде, среќа немаше полиција оти ако ме фатеше без возачка мојте сами од дома ке ме избркаја..
стигнав шо стигнав ама неќев да влегвам внатре да не ме видат комшиите ке почнат да зборат сешто, па ај паркирав со триста маки пред влезот и ги заклучив вратите и си преспав в кола до сабајето...
кога ми текна колку проблеми ке си напрам кога ке видат мојте и утрото се вратив назад ко пострано пиле..
и пробав да ја паркирам пак в гаража да не се посомневат и го зедов браникот од вратата шо уште има гребнатини :facepalm:

и поука: никогаш да не прам непромислени работи во нервоза оти исходот е полош 3 пати.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom