Која професија најмногу ви се допаѓа?

  • Креатор на темата Креатор на темата crazy lady
  • Време на започнување Време на започнување
Као мал авијатичар, астронаут, милицаец, доктор...сега бизнисмен, богаташ, газда на Челзи, сопственик/косопственик на фб, гугл, ејпл...
 
Се што е поврзано со животни, деца, компјутери, фотографии, автомобили, музика и слично.:smir: Неможам да се одлучам која е идеалната професија.:toe:
 
muzicar najbolja profesija :)))) pari zeni i tako dalje ...
 
Информатичар или нешто слично важно да е поврзано со компјутери и такви работи па што ке биде незнам еве пример добра работа си е програмер ако развиеш некои програм или игра па да го продаваш и да заработиш пари, а ако мислиш како програмер во некоја фирма во македонија програмерите се слабо платени па не се исплати затоа може како сопствен бизнис нешто да отворам друга работа еве на пример веб дизајнер ке дизајнираш статични веб страници за одредена сума пари и ако имаш муштерии можеш да земеш добра пара а истотака ако направиш твоја веб страна и да е успешна мислам посетена од многу луѓе па да заработуваш од рекламации на сајтот од што се заработува дебела сума пари еве јас би сакал да ги работам овие работи ама за повеќето тоа е тешка работа.

Дечко, живееш во илузија, барем со дел од твоите размислувања, а и вие останатите wannabe програмерчиња на форумов.

Од програмирање не се живее! барем не како што треба, во однос на трудот што сте го вложиле.
Единствените луѓе што живеат од програмирање се претприемачите, т.е. наоѓаш 18-25 годишни деца, ти црнчат по 14 саати на ден за 20000 денари, а ти праиш по 5000-50000 еур од проект.
Работиш така 5-10 години МАКС бидејќи ќе сфатат со кого си фатиле работа и затвораш фирма и работиш сосема трета (пример дистрибутер на сончоглед и семки - т.е. отвораш фирма за тоа и цицаш од туѓиот труд).

Од каде знам за ова?

Епа сум поминал и тоа ми е струка. Сфатив дека единствен начин ако имаш мерак во оваа работа е да го работиш ова горното или да напредуваш во знаењата. Јас го одбрав ова второто бидејќи рака на срце не сум толку печен за бизниси и прилично сум наивен :) Едноставно не ги гледам работите како профит, туку да поможам на некој и на тој начин да добијам на углед кај таа личност.
 
Епа сум поминал и тоа ми е струка. Сфатив дека единствен начин ако имаш мерак во оваа работа е да го работиш ова горното или да напредуваш во знаењата. Јас го одбрав ова второто бидејќи рака на срце не сум толку печен за бизниси и прилично сум наивен :) Едноставно не ги гледам работите како профит, туку да поможам на некој и на тој начин да добијам на углед кај таа личност.

Основај си сопствена фирма, и употреби го искуството што го имаш стекнато во некоја фирма и почни и ти да правиш проекти вредни по 5000 евра.А ова како го кажуваш:
14 саати на ден за 20000 денари
Како оваа цифра на пари да не е доволна, а што правиме со луѓето кои работат по шеснаесет саати дневно, а земаат по 12 000 денари плата, и тоа факултетски образовани луѓе.
Плус, работиш пред компјутер , со кафето сте секој божји ден во рака и само психички се замараш......
Не дека ја потценувам вашата работа, секоја работа своја тежина нели, но не треба и така да гледаш црно на работите има апла полоши случаеви од тебе во државава, па таа сума на пари што ја земате воопшто не е лоша, некои се убиваат од работа и физички и психички дупло повеќе од вас и на крај пак земаат помалку од вас.
Ако не ти се допаѓа, барај си друго чаре на крај крајава, ситуацијата во државава е таква и мораш да научиш да се прилагодуваш, нема работа; не цвета економијата а работници има со лопата да ги ринеш од секоја бранша.
Кога се сите глупи во државава, и не знаат да излезат како што веќе со месеци излегуваат на протести Грците по нивните улици ќе не дупат како што сакаат......Трпи Македонче малку ти е.

Инаку за професија (кога сме веќе кај темата) најмногу ми се допаѓа професијата археолог, а во државава има услови за развој на таа професија но проблемот е што не е доволно развиена па сега и размислувам која професија ќе ја одберам.....
 
Дечко, живееш во илузија, барем со дел од твоите размислувања, а и вие останатите wannabe програмерчиња на форумов.

Од програмирање не се живее!


Хехе а замисли развивам некоја игра (3д) и после ја продавам лиценцата за околу 20000е па они нека кршат глава со неа а мене пуна капа пари а и како што рече Борг и 20000 денари не се малку + знам програмени што работат по банкиве земаат плата 30-40 илјади денари за 8 часовна работа (пола од тоа време го поминуваат дремејќи на нет и седење колку да пројде времето)
 
Програмери... 70% од студентите,продолжуваат на тие информатички смерови,програмери и сл,занимавање со пц-а/програми...
 
Новинарството е најубава професија. Само треба на време да се напушти.
 
Новинарството е најубава професија. Само треба на време да се напушти.

И што кога ќе напушти еден новинар,може да работи после...пример колумнист во Шпиц или Утрински :pos2:
 
Тренер на некој клуб,кога е спортот во прашање работата не би ја чувствувал како работа:)
 


--- надополнето ---

И што кога ќе напушти еден новинар,може да работи после...пример колумнист во Шпиц или Утрински :pos2:
Па најчестото занимање на еден новинар што ќе напушти работно место, е посматрање на млади неамбициозни, многу често 24 годишни младичи - како лепат плакати.
 
Да можеше да се има некоја преспектива во кулинарството во Македонија, без размислување ќе идев тоа да работам. Е индивидуална работа и уживам да ја работам. Али како и со повеќе професии овде со ова најверојатно си осуден на прежививување.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom