Драми

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Последно драма што гледав беа The Reader со Кејт Винслет. Одлично!
Исто така го гледав и An Education. Беше номиниран за оскар за најдобар филм и за најдобра женска улога мислам.
Овие два ви ги препорачувам :)
 
1.The Green Mile = Најдобрата драма на сите времиња.

2.Shawshank Redemption.

3.Magnlia

4.Cast Away

5.A Beautiful Mind

На овие ремек дела ми текнува у моментов :)
 
Dear John (2010) клик на сликата | The Last Song (2010) << и овој е супер

 
Дечки, за спамирање/рекламирање се оди на бан. Значи:

1. Треба да се вклучиш во дискусиите, не само да лепиш слики со линкови.
2. Можеш да ставиш линк кон сајтот во потпис, ако ставиш банер од кајгана на сајтот. Танте за кикирику што викаат админите, правилата се такви за сите.
 
Shadowlands

shadowlands.jpg


Ако некој не стигнал да ја погледне драмава, задолжително нека го направи тоа. Во едно сум сигурна, Холивуд го изгуби капацитетот да направи моќна драма која ќе се базира на едноставна приказна. Кога ќе го погледнете филмов кој датира од почетокот на 90-тите, можете самите да се уверите во тоа.Овде го имате маестралниот Хопкинс кој глуми една затворена личност. Професорот и писател Џек Луис е една комплексна личност, која не дава ништо да го допре ништо од надворшениот свет. Емоционалноста не му е најсилната страна. Но, неговиот свет ќе се промени кога во него ќе влезе жената по име Џој и ќе го натера да види што пропушта во животот.

Извонредна приказна, прекрасна изведба. Хопкинс е едно од најдобрите нешта кои му се случиле на филмскиот свет и тоа можете да го видите на дело со секој негов филм. Неговиот џентлменски изглед во ваквите филмови најмногу доаѓа до израз. Јас комплетно се соживеав со филмов и навистина ме трогна, а голем дел од таа заслуга оди на име на Хопкинс.
 
Дечки, за спамирање/рекламирање се оди на бан. Значи:

1. Треба да се вклучиш во дискусиите, не само да лепиш слики со линкови.
2. Можеш да ставиш линк кон сајтот во потпис, ако ставиш банер од кајгана на сајтот. Танте за кикирику што викаат админите, правилата се такви за сите.
Доста ги плашиш децата бе! :mad:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom