Shadowlands
Ако некој не стигнал да ја погледне драмава, задолжително нека го направи тоа. Во едно сум сигурна, Холивуд го изгуби капацитетот да направи моќна драма која ќе се базира на едноставна приказна. Кога ќе го погледнете филмов кој датира од почетокот на 90-тите, можете самите да се уверите во тоа.Овде го имате маестралниот Хопкинс кој глуми една затворена личност. Професорот и писател Џек Луис е една комплексна личност, која не дава ништо да го допре ништо од надворшениот свет. Емоционалноста не му е најсилната страна. Но, неговиот свет ќе се промени кога во него ќе влезе жената по име Џој и ќе го натера да види што пропушта во животот.
Извонредна приказна, прекрасна изведба. Хопкинс е едно од најдобрите нешта кои му се случиле на филмскиот свет и тоа можете да го видите на дело со секој негов филм. Неговиот џентлменски изглед во ваквите филмови најмногу доаѓа до израз. Јас комплетно се соживеав со филмов и навистина ме трогна, а голем дел од таа заслуга оди на име на Хопкинс.