23 октомври

  • Креатор на темата Креатор на темата Necrophilia
  • Време на започнување Време на започнување

Дали е 23 октомври партиски празник?

  • Да

    Гласови: 11 22,0%
  • Не

    Гласови: 37 74,0%
  • Не знам

    Гласови: 2 4,0%

  • Вкупно гласачи
    50
Статус
Затворена за нови мислења.

Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
Возраст
37
Локација
Usa
Веб-сајт
meettomy.site
23 октомври - неработен ден (ден на револуцијата....)

незнам кај кидна темата што ја отвори трнот мислам. ама еве што сакав да пишам во неа во врска со празниците. Па потоа некој од модераторите/админите нека ја премести каде што и е местото и нека ја преименува во Државни празници или какоидае

да бе стварно, сакав одсабајле да отворам тема ама во негативна смисла али си реков ај да не ми мрчат нешто бла..бла..

Немам ништо против празникот иако е повеќе политички настроен сепак во последно време премногу празници се насобраа дури почнавме да ги прославуваме и правиме неработни деновите кога и празниците што воопшто не ги регистриравме а посебно и од друга религија кои се т.е. кои не се во никаква врска со државните празници кои треба да бидат неработни.

Поентата ми е за државната администрација и сите што работат државно им годат празнициве затоа што они секогаш на први ке си ја добијат истата сума без разлика дали овој месер работеле 26 работни дена или 15. Додека на нас приватните компании многу ни наштетува затоа што дури и забрането е да се работи на тие денови :(
 
Мислам ова дека е претеризам, бидејки мислам повеќе празникот е наметнат партиски отколку чисто како национален празник на сите граѓани.

Само да беа толку политички наивни убаво ќе беше, вака ...
 
Секако дека не е партиски празник, мислам дека не треба објаснување во врска со ова:toe:
 
23 октомври е ден на основање на ВМРО во 1893 година организација која се борела за самостојност на македонија (меѓу првите од таков тип)
23 окт не е празник ни на вмро-дпмне ни на вмро-нп него е празник на МАКЕДОНИЈА
 
Денес го слушнав Шема како вели дека ќе го укинеле празников кога ќе дојделе на власт.Да сме живи и здрави до 2054:pos2: .
 
23 октомври не смее и не треба да се поистоветува со ВМРО-ДПМНЕ, туку со она автентичното ВМРО формирано 1893. Овие сегашните врска немаат ни со ВМРО ни со патриотизам.
Така сфатен треба да се слави како ден на започнувањето организирана борба за ослободување на Македонија и формирање македонска држава.
Останатото може да биде само политички маркетинг, како на пр. наводните изјави на Шемата кој би го укинал празникот...Ако не се чувствува како Македонец - негов проблем!
 
шема нека си го слави формирањето на коминтерната ако сака и нека иде у пизду материну нека не се меша у македонија
 
Да, се согласувам...треба да се слави, но мислам дека беше поставен од чисто партиско-идеолошки причини.

И што сега? Ќе дојде СДСМ...29 ноември ќе го стават?

Малце е ...бледо ова...

Сепак ја поддржувам работата дека треба да се празнува ова.

gd_027.jpg


И уште еднаш...славиме за Т М О Р О а не ВМРО...или не знам таму...
 
Нема врска ова со партии, ВМРО е нешто најмакедонско, нешто најсвето, тоа почетокот на револуционерната борба, луѓето кои тогаш членувале во тоа ВМРО се бореле за да ја видат денешна независна Македонија.

Инаку околу овие што сега се обидуваат да се претстават како ВМРО, не само ДПМНЕ туку и оние НП и други, тие немаат никаква врска, вистинското ВМРО биле создавачи, додека овие на власт се уништувачи. ИМА РАЗЛИКА НЕЛИ!
 
Колку што ме држи меморијата (поправете ме ако грешам), она „Вистинското“ ваше ВМРО што се споменува ...никогаш не постоело како македонско.

ТМОРО е она за кое вие кажувате и она што е создадено 1893 година.

После тоа менуваше многу форми и имиња, најчесто за про-бугарски цели ВМРО(об) или не знам какви не „фракции“.
 
Државен празник кој е многу потребен за преку една права едукација да се доловат животите на тие луѓе што го основале ова движење и дале живот за слобода на овој народ.
Да е до мене не би дозволил името ВМРО да го носи ниедна партија (ама кој ме прашал мене) бидејки доволно го испрљаа во минатото и успејаа да створат одбивност кај обичниот народ кон ова име кое денес не означува борба за слобода туку криминал(барем до пред година дена за сега не знам) под него не се подразбираат имиња како Гоце,Даме,Јане, туку бескичмењаци како Љупчо и Доста,Значи треба да се овозможи со некоја неполитизирана кампања да се запознае народот со ова поглавје од историјата и колку-толку да се обели ова име со кое треба да се гордееме
За типови како Шема немам што да кажам тој сам си знае дека си тоне во говна полека-полека најсмешното е што ''кога ке се врателе на власт ке го укинеле овој празник''..:bilokojzbot::bilokojzbot: со тоа што мисли дека некој ке гласа за него јасно кажува колку е ретардиран.
 
**aJdeeee, pa so e vAzno zAsto e, vAzno nE sE rAboti :D i nE idEme u skOlo :D hehe ....zNam dEka ne e bAs tAka, ama sEpak nA sitE dObro kE ni dOjde uSte edEn dEn oDmor oD sEkojdNevnivE obvRski****
 
23 Октомври е Ден на револуционерната борба на Македонскиот народ,тоа е факт ама факт е дека и 2 Август е Ден на револуционерната борба на Македонскиот народ како што е факт дека и 11 Октомври е Ден на револуционерната борба на Македонскиот народ.Да ви најдам уште едно 100тина Денови на револуционерната борба на Македонскиот народ па да си ги прогласиме за државни празници.Абе господ да не чува и брани вака како што сме си паметни........
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom