Направи сам

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
КОРНИЗИ (незнам дали имат и друго име-назив)
Сега се отфрлаат пластичните корнизи од 20 век кои се местеа на плафон, а одамна се исфрија и оние корнизи со метални мали тркалца од19 век,кој се уште ги има некаде кај нас, сега е 21 век и во мода се метални корнизи со алки. Дрвените отидоа во историја,со тек на време се виткаат а и треба да се лакираат и штипките им се слаби.
Како до најевтини метални КОРНИЗИ.
Јас кај мене еве како направив,Но шетав и по трговија и не најдов каква домензија ми требаше а и се доста скапи(на развлекување од 1,5 - 2,5 м) околу 1000-1500 ден.
Picture 393.jpg ....Picture 394.jpg....Picture 395.jpg....
Потребно е за една корниза ( прозор-врата или два прозора)
Два држачи како на сликата 2 Х 50 денари = 100 денари
Дипли и завртки 4 Х 4.....................................= 20----------
Пониклована цевка 1 мх 100 денари...х2м...= 200----------
Вкупно..............................................................= 320 денари ....за 2 метри корниза
Алки може и метални и пластични (некои са и со куки)
Алки пластични хромирани-никловани х1....= 10 денари
Куки пластични бели или прозирни х1..........= 2-3 денари
Штипки никако.
-----------------------------
Цевките се продават на метар и ви сечат колку сакате толку (дебелоѕидни се)
но кој сака може да се снајде и да најде во подрум пластични или дрвени и да си ги обои со која боја сака,како завесата на пример и ќе личи, (но за помали должини)
За поголеми должини 3-4 метри има и средишен држач и тој е по цена од 50 денари.
Ова е по мое,120-150 мм над прозорот се дупчат дупки за држачите.
Може вакви корнизи со потенки цевки да се стават и на самиот рам на прозорот, најчесто 1/2-2/3 да е покриен и најчесто за во кујна.Друго смислете сами.
 
Вчера за првпат фарбав дрво со боја за бетон :facepalm:
Никако не ми покриваше (инаку не шмирглав, многу прашина се крева), поминав два слоја со ваљак од велур, па со четка, за никаде беше! После поминав со боја за дрво на база на вода и се е во ред. Ако почне да се лупи одоздола бојата за бетон, ќе биде весело. :свиркам:

....не ако, туку ќе биде весело....шмирглај додека си расположена за шмирглање
 
Ова е патека. :)
Ииии си помислив дека е ѕид:D е ако е де пластифицирна варијанта порачај си и на тие што газат папучи ќе им даваш.Зошто ти е мозаик, сакаш по 1000 год да го најдат и да те има во историски учебник?
 
Ииии си помислив дека е ѕид:D е ако е де пластифицирна варијанта порачај си и на тие што газат папучи ќе им даваш.Зошто ти е мозаик, сакаш по 1000 год да го најдат и да те има во историски учебник?

Не, во план сум да си правам рајска градина. Необичната патека е неизбежна! :pipi:

Еве нешто поедноставно
diy-pebble-mosaic-pathway.jpg
 
Не, во план сум да си правам рајска градина. Необичната патека е неизбежна! :pipi:
Епа тогаш за камењата барај ме мене, тоа ми е работа а за цвеќињата го имаш MIL :)
 
Не, во план сум да си правам рајска градина.


Ќе бидеме поканети на отварањето?

Ветувам дека нема да јадам од дрвото за спознавање на доброто и зото.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom