Направи сам

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Сакам да се научам да правам мебел. Ќе го поканам Anco на темава, верувам дека има да ни пренесе доста искуство.
 
Ај да почнам,чим сум веќе поканет.
Јас сам си направив,кујна,дневна и спална(годинава) но и порано.
Сам си измислувам наспрема просторот,оти не секогаш може да се најде готово,какво си сакаш а и голема е разлика во цената и квалитетот се разбира.
Почнувам од кујната (иако само уште таа-се гледа не е се уште завршена)Picture 386.jpg .....Picture 387.jpg.....Picture 388.jpg
Странични и челни полици на ѕидот и полици под висечите елементи.
Овие полици ги правам од материјал иверица 16мм или 25мм. а кој парчиња ми остануваат при изработка на поголемите елементи. Ги кантирам со пегла сам.
А може да се употребат и странични украсни дрвени лајсни.
Кант траката може да се најде по цена од 200 денари-котур од 50 м. ( 4 денари 1м)
Ногарките и држачите се најскапиот дел за изработка на овие практични полици.
Но и тие си ги правам сам речиси бесплатно и на која димензиија си сакам.
Наоѓам поточно речено се снаоѓам-ефтино купувам цевки поникловани од било кои тип на правосмукалки.Ги сечам на димензија што ми треба,во внатрешниот дел на цевката со иста должина ставам парче дрво(од гранка,летва рачка од метла и сл.)
Полиците ги дупчам каде требат да се стават цевките-држачите-ногарките а потоа ги спојувам-завртувам со завртки за дрво кои се доста евтини ама кој знае каде.
Овие завртки се наоѓат и на мало во кесички 20 до 40 парчиња за само 10 денари.
Само не ми е сликана челната полица,за секаква намена на разни стаклени тегли.таа е во внатрешните ѕидови и секогаш ти е се видливо и при рака.
...Picture 389.jpg.....Picture 390.jpg .....странични полици на ѕидот
или на дел од ентериерот.
.....Picture 391.jpg....полици под висечите елементи во кујната,
и самите полици се висечи.Нема дупчења на плочките на ѕидот.
Дупките се само на долниот дел на висечите елементи,не се ни гледаат бидеиќи се во средина на држачите-цевките во кои има вметнато дрво со иста должина.
Се приметува се уште не се завршени странично и не се кантирани.
---------------------
Следува: Елементи во дневна соба со своја рака.
 
1001639_663876690305476_1935119840_n.jpg

Anco, каква спална си во план да правиш? Јас планирам да изведам нешто овакво, мислам дека не би требало да е тешко...

modern-bedroom-set-270.jpg

А сакав нешто во овој стил, но разбрав дека најдобро било да има простор под душекот, за да струи воздух.

beautiful-bedroom-Zhitnik.jpg
 
Picture 392.jpg наскоро сите податоци;Направи сам спална.
овде само душекот е готов производ.регалите-комодите се од ист материјал и дезен.(еве и тука имам поставено полици,од што остана 120-150 мм Х 1600мм)
Примети ја страничнава „даска“- димензиите во висина-ширина,колку е масивна, двојно повеќе него ли кај купечките,тоа и дава цврстина на целиот лежај.
Димензии на душек: 140-160-180 Х должина вообичаена 190-200 см.
-----------
Првиот пример е едноставен и добар,(кај мене челната даска е до подот)
Ногарки ако веќе така сака некој,мора да одат до горниот дел на страничната даска.ама така не ги прави никој,па затоа и се расклатуваат подобро е другото.
Материјалот е 25 мм оплеменета иверица,кантирањето со пластика(70-100 ден.1м)
 
@Anco

Ако може да објасниш маалку подетално за кантирањето. ЗНам дека е со пегла и кант трака, ама да посочиш каде може да се утне.
Инаку, секоја чест ѕа мебелот! (y)
 
Еден линк од ова ако не ти претставува проблем, баш ми се вртка низ дома вакво нешто:)
Tреба добро да изшмирглаш, да излакираш после тоа. Ќе си купиш тркалца, а за горниот дел каменчиња кои ќе ги залепиш. Не е некоја филозофија. Дури и не мораш да лепиш каменчиња одозгора моеш вакво нешо да напраиш

или само да излакираш и добиеш вакво нешо
1016553_587013734676887_1382310303_n.jpg

Еве уште некоја идеја што можете сами да напривите :)
995107_589008867810707_1619436033_n.jpg

1010838_587814684596792_1148407631_n.jpg

1001888_587859974592263_1651229354_n.png

1045058_587081774670083_1323681115_n.jpg

993041_580423712002556_1570546623_n.jpg
 
Две интересни идеи, како да си направите паркинг за вашиот велосипед :)

df0dd34da43d8dc7da3323967d56055f.jpg

10e026c370429cc1b2a77ff23ca0696d.jpg
 
Сите што ќе шмирглате да си ставите заштитна маска на устата и заштитни очила, особено ако шмирглате лакирано дрво!
 
Сите што ќе шмирглате да си ставите заштитна маска на устата и заштитни очила, особено ако шмирглате лакирано дрво!

...то ти се вика искуство :) (y)

има една стара поговорка која вели " ѓубрете за едни е богатсво за други"

станавме потрошувачко опшество....постојано ни се наметнува филозофијата ЛЕСНО ДОСТАПНО, ЛЕСНО РАСИПЛИВО, ЛЕСНО ЗАМЕНЛИВО...А ПОСЛЕДИЦА СЕ КУПИШТАТА ОТПАД ЗАД СЕБЕ

но не е се отпад...многу работи кои завршуваат во ѓубре...со малку труд, имагинација и креативност...можат да живеат втор употреблив, а некогаш и уметнички живот

она што го купуваме и го фрламе не го цениме....но кога ќе направиме нешто со свои раце, кога ќе вложиме труд, знаеме да го цениме и нема така лесно да заврши во отпад

самиот процес на НАПРАВИ САМ покрај практична има и едукативна природа...додека нешто изработуваме...учуме разни техники како и правилна употреба на различни алатки
 
мислев да прекокнам (читај: да не се фалам) дека сам си го направив креветот (спална, брачен ...) и тоа изиритиран од претходниот кревет кој и да дишам крцкаше, а камоли да ...... ај да не заоѓам во детали :pos:
важно, крајниот производ е дека и после 15 год активна употреба, малтретирање, ни КРЦ, ни МРЦ :cool: а колку за моја потврда кога го направив јас и уште тројца другари почнавме да скокаме по него (секој од нас по 100кила) за да видиме дали сум го погодил :pos: .... можеш да замислиш, 4 магариња скокаат затоа што му прават А-тест:pos: колку само смешно било .......
 
....секако дека НАПРАВИ САМ е многу поиздржливо од MADE IN PRC
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom