Десетте најскапи машки костуми за сезоната есен 2005
1. -
Brioni - ($6.000 - ? 4.966) Го носат најразлични лица од општествено-културниот живот во светот. Од Кофи Анан до Доналд Трамп. Костумот е од кашмир. За тие пари ќе добиете десет квадрати плус во стан во Кисела Вода. Во Маџари речиси двојно повеќе од Кисела Вода.
www.brioni.it
2. -
Kiton - ($5.800- ? 4.801) Лани ова било најскапото. За 30.000 долари во САД доаѓа и кројач од Неапол да ви земе мерка. Костумот е од кашмир. Жално е да биде исфлекано од кечап или цвекло.
www.kiton.it
3.-
Canali - ($4.200 - ? 3.479) Екслузивна колекција на Канали. Се прават во Италија, па се извезуваат. Материјал: најфина волна. Имаат и малку поевтини цени. “Оделото” чини колку 17 просечни плати во Македонија. Без храна и превоз.
www.canali.it
4. -
Bottega Veneta ($3.800 - ? 3.147) Таа фирма е дел од Гучи групацијата. Се комбинира со Ebano Riga Ombra кошула која чини $450, ремен Nero VN ($350), чевли Punta Ebano Brunissable Calf York ($760) и со шапка Anthracite felt ($350). Вкупната сума на комплетот е $5.360.
www.bottegaveneta.com
5. -
Giorgio Armani ($3.595 - ? 2.977) Софистицирано, секси. Драма! Остава впечаток каде и да сте. Палтото има само две копчиња. Бојата е црно-погребна. Прифатлива сума ако одлучите да си играте со законот не плаќајќи 250 денари за РТВ претплата во следните 61 година. Или 30 години неплатени сметки за кабловска.
www.giorgioarmani.com
6. -
Ralph Lauren ($3.295 - ? 2.728) - Малку поевтино од претходното, но ова има три копчиња на сакото. Се комбинира со кошула со пурпурна боја 'со риги'. Се носи секаде. За да се заштеди за ова треба да се избегнат давачките за регистрација просечно од 10.000 денари, во следните 16,7 години.
www.ralphlauren.com
7. -
Oxford Clothes ($ 3.000 - ? 2.483) Мејд ин Америка. Се прави рачно од супер 120с волна во иста мала фабрика во Чикаго од 1916 година. Малку е конзервативно ама вреди за парите повеќе отколку да платите “пред рака” за погребно место во стариот дел од скопските гробишта - Бутел(100.000 денари + 40.000 за ковчег, венец, 'за душа' и поп) .
www.oxxfordclothes.com
8. -
Jay Kos ($2,800 - ? 2.318) Исто така Мејд ин Америка. На десната страна има два џеба - еден врз друг. Еден од обожователите на Џеј Кос е раперот Sean "Diddy" Combs. Носењето на тоа одело нема да ве престори во рапер ако цел живот сте слушале џез или народна музика. Не може да го најдете на Интернет, само преку телефон во Њујорк (212 - 327 - 2382)
9. -
Issey Miyake ($2.800 - ? 2.318) Дизајнерот е роден во 1938 година во Хирошима. Иста цена како претходното. Ова е малку “помладалачко”. Се комбинира со волнена капа со патент на средината и со никаква друга. Оделото е баланс меѓу традиција и иновација. Со три копчиња. Личи како “опејано” за млади (22-27год.) кои стапуват во брак. Го има на Интернет за порачка:
www.isseymiyake.com
10. -
Turnbull & Asser ($2800 - евра 2.318) Класика. Типична англиска класика одело. На десната страна има два џеба. Костум со шест копчиња. Само две се за закопчување - останатите се стилски поставени. Исплатливо само ако просечно четворочлено семејство во Македонија одлучи да не јаде ништо 14,9 месеци.