Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635

откако ке го прочитате текстот подоле ви советувам да пуштите царски ферман на Сител..откако ке заборавите на фијаското, лошото водење на економската политика изминатиов период, тркнете до најблиската сала и изедете ги кошевите..само така стомакот ке биде полн...
---------------------------------------------------------------------
Вкупно 320 милиони долари странски директни инвестиции влегле во Македонија во 2007 година, при што биле регистрирани девет гринфилд вложувања.
Ова се наведува во извештајот на Конференцијата на Обединетите Нации за трговија и развој (UNCTAD), објавен доцна синоќа во Женева.
Македонија се наоѓа во групата земји кои во 2007 година имале прилив на странски директни инвестиции меѓу 100-900 милиони долари, заедно со Црна Гора, Албанија, Туркменистан, Таџикистан, Узбекистан, Киргизија, Ерменија и Молдавија.
Вкупниот прилив на странски директни инвестиции во Македонија се намалил во споредба со 2006 година, кога тој изнесувал 424 милиони долари, од кои добар дел отпаѓа на продажбата на Електростопанство на Македонија на австриската ЕВН.
Евидентен е падот на гриндфид инвестициите во Македонија на вкупно девет за 2007 година, во однос на 2006 година кога таа бројка изнесувала 26, но и на 2005 година, кога биле забележани 11 гринфилд инвестиции.
Од земјите од поблискиот регион, лидер во СДИ е Хрватска, која во 2007 година остварила прилив на странски директни инвестиции во висина од близу четири милијарди долари.
Следат Србија со 3,11 милијарди долари, Босна и Херцеговина (2,022), Црна Гора 9876) и Албанија со 656 милиони долари.