Катастрофата наречена Invest in Macedonia

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
MARINAphoto.jpg

откако ке го прочитате текстот подоле ви советувам да пуштите царски ферман на Сител..откако ке заборавите на фијаското, лошото водење на
економската политика изминатиов период, тркнете до најблиската сала и изедете ги кошевите..само така стомакот ке биде полн...

---------------------------------------------------------------------
Вкупно 320 милиони долари странски директни инвестиции влегле во Македонија во 2007 година, при што биле регистрирани девет гринфилд вложувања.

Ова се наведува во извештајот на Конференцијата на Обединетите Нации за трговија и развој (UNCTAD), објавен доцна синоќа во Женева.

Македонија се наоѓа во групата земји кои во 2007 година имале прилив на странски директни инвестиции меѓу 100-900 милиони долари, заедно со Црна Гора, Албанија, Туркменистан, Таџикистан, Узбекистан, Киргизија, Ерменија и Молдавија.

Вкупниот прилив на странски директни инвестиции во Македонија се намалил во споредба со 2006 година, кога тој изнесувал 424 милиони долари, од кои добар дел отпаѓа на продажбата на Електростопанство на Македонија на австриската ЕВН.

Евидентен е падот на гриндфид инвестициите во Македонија на вкупно девет за 2007 година, во однос на 2006 година кога таа бројка изнесувала 26, но и на 2005 година, кога биле забележани 11 гринфилд инвестиции.

Од земјите од поблискиот регион, лидер во СДИ е Хрватска, која во 2007 година остварила прилив на странски директни инвестиции во висина од близу четири милијарди долари.

Следат Србија со 3,11 милијарди долари, Босна и Херцеговина (2,022), Црна Гора 9876) и Албанија со 656 милиони долари.
 
А шо мислеа, со средношколски креативности и цепелини ќе успеат да придобијат инвеститори? Ередеее циркус...
 
Јас да сум странски инвеститор, не би инвестирал во Македонија.
Кој ќе ти дојде во држава каде што судски спорови со години не се решаваат, капиталот ќе им остане тука вечно.
 
Јас да сум странски инвеститор, не би инвестирал во Македонија.
Кој ќе ти дојде во држава каде што судски спорови со години не се решаваат, капиталот ќе им остане тука вечно.

ама ти не разбираш..за да се дочепаш до власт, ти треба или милијардата на циле, шармот на бранко лудоста на љубчо..или пусти инвестиции кој нигде ги нема....

но важното е...

%7BB6452FF3-B0AB-4053-ADDE-BCE08E076BE2%7D_reklami-2.jpg

ти си македонија..од тебе зависи...

ме интересира кој е крив за ова...европа, грција, сад или можеби ние....со ајварот бркаме странски инвестиции....:kesa:
 
Од сега ако гледам се некако ме тера на теорија на завера.
Кога ќе дојдат избори Груевски ќе може да каже...еве бе ние направивме и многу компании сака да дојдат, ама поради грциве-они се криви, дајте уште еден мандат и гарант ќе ја средиме сега.
 
А кој пазар се Црна Гора со 500 000...А инаку за разлика од предходите влади ова е многу подобро!!!

Црна Гора го продаде цело приморје за 500 000 бе. ние добри сме со 300 000 со градење фабрики кој ке вработат луѓе. во црна гора само ќе се вработи во некој вили послуга и толку!!
 
Раст на БДП од 6% не се прави со прикаски.
Прикаските само го збогатуваат амбиентот.
Имаш пораст во сите поголеми гранки од индустриско производство, градежништво, земјоделско производство, преработка.
Инвестиции преку ноќ не доаѓаат.
2009 година е годината каде ќе се види колку е успешна или неуспешна кампањата на Владата.
 
Има поратс, и народот ќе биде трпелив-но ако до крајот на овој мандат не се подобрат работите.
Некој ќе треба да се сели.
 
Колку се успешни или не ќе оставам да си кршите партиски копја,ќе видиме што ќе биде со најавуваните инвестиции па после ќе збориме, но едно е сигурно, направија одлична промоција на Македонија во светот.

:toe:
 
Раст на БДП од 6% не се прави со прикаски.
Прикаските само го збогатуваат амбиентот.
Имаш пораст во сите поголеми гранки од индустриско производство, градежништво, земјоделско производство, преработка.
Инвестиции преку ноќ не доаѓаат.
2009 година е годината каде ќе се види колку е успешна или неуспешна кампањата на Владата.

не скокај ...

6% раст, половина наштиман во завод за статистика, половина од двигателите се три фабрики во македонија, кој тешко ке допринесат за доброто на целиот народ, 6% раст 10% инфлација која директно удира по семејниот буџет, зголемени давачки и процедури нашминкани со олеснувања...

инвестиции преку нок ако не доагаат, не ги ветувај рекламирај и форсирај...НИЕ НЕ ИЗГЛАСАВМЕ рекламни кампањаи и балони без ефект...

о едно е сигурно, направија одлична промоција на Македонија во светот.

промоција без продажба..џаба
 
не скокај ...

инвестиции преку нок ако не доагаат, не ги ветувај рекламирај и форсирај...НИЕ НЕ ИЗГЛАСАВМЕ рекламни кампањаи и балони без ефект...

промоција без продажба..џаба

Преку ноќ инвестиции? А што имаш да понудиш?

Промоцијата е основен елемент. Еден од клучните.
 
Ај нека го наштимаат и процентот на вработување.

Како бе кога се случува нешто добро за државата е штимано а кога е нешто негативно е супер реално?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom