Билс - едни од фаворитите во дивизијата, се освен пласман во АФЦ финалето е разочарување, може да се оди и чекор повеќе, ама ајде, ќе кажам минимум АФЦ финале треба да се очекува
Мајами - мислам оваа сезона ќе се полоши, ама ајде да видиме, Имаат добар тим на хартија ама сега влегуваат со поголеми очекувања и сите ќе знаат како со нив. Голем предизвик, Да видиме до каде се
Петс - Не верувам да видат плејоф
Џетс - Мистерија. Нема ни да се осмелам да предвидувам. Знам, сите ги сметаат за фаворити за титула, ама не знам, мене ми е некако премногу ова да се предвиди, не би се изненадил и тежок флоп да испаднат...
Рејвенс - Мислам конечно годинава ќе им се поклопат коцките и ќе имаат добра сезона и ќе пробаат нешто во плејоф
Бенгалс - ваљда ќе влезат во плејоф, ама дивизијата е пекол, и пак мислам исто како и Мајами малце се преценети.
Браунс - и овие се мистерија. Ако не влезат во плејоф (што и многу очекуваат) трансферот на Дешон е еден од најлошите во историја
Стилерс - стандард
Тексанс - Успех ќе им е прв пик на драфт да се
Колтс - градат за иднината, не е им е битна сезонава
Џегс - сакам да кажам дека се преценети и може да не играат плејоф...ама реално дивизијава е смешка
Тенеси - сакам да кажам дека се потценети и може да бидат добри... ама, сите утакмици им се 50-50 на овие...
Бронкос - слично како и Браунс, ако не играат плејоф трансферот на Рас ќе биде еден од најлошите во историја
Чифс - главни фаворити за титула
Рејдерс - Зезната дивизија, башка им фали нешто.... не верувам да играат плејоф ама не се доволно лоши да танкаат
Чарџерс - Слично како и пар екипи во АФЦ се на граница меѓу "Ако освојат АФЦ нема да е шок, ама па и да завршат 8-9 и не фатат плејоф пак нема да е шок"
Далас - Би требало плејоф да фатат, за повеќе тешко
Џајантс - имаат шанса за плејоф, ќе се борат за тоа место до крај, не се така лоши како што некои можеби мислат
Иглс - исто, малце преценети, ама реално тимот им е јак. Мислам ќе изгубат од некого во плејоф, ама од кого..ќе видиме
Вашингтон - многу небитна екипа
Чикаго - мислам ќе бидат слични на Детроит лани. Ќе бидат добри и ќе изненадат многу луѓе. Ваљда нема да играат плејоф, ама не би ги отпишал
Детроит - немам нешто конкретно да коментирам, прв пат после долго време се полу-релевантни и ова е огромен огромен тест за нив. Ајде да видиме дали имаат сила за плејоф
Грин Беј - ....па да ум ебам матер нема Лав да стане уште еден ХоФ КБ, а?
Минесота - Имаа ептен подобри екипи порано, ама ќе биде ептен Минесота работа ако баш годинава извадат некој јак резултат. Имаат потенцијал за длабок run
Фалконс - цела дивизија е срање, некој ќе го искористи ова
Тампа Беј - цела дивизија е срање, некој ќе го искористи ова
Њу Орлеанс - цела дивизија е срање, некој ќе го искористи ова. Ваљда овие.
Каролина - добра пејачка, иако е од Битола. А да, цела дивизија е срање, некој ќе го искористи ова
Кардиналс - Успех е прв пик да се
Ремс - Потенцијално и овие сакаат прв пик, ама ќе видиме, не се ДО ТОЛКУ срање , шо знам..
9ерс - преценти и овие (уствари мене сите ми се преценети освен Чифс и Билс изгледа

) ама секако во топ екипите во НФЦ
Сихокс - првично ти оди да кажеш дека ваљда нема годинава да играат плејоф и Џено ќе падне ..ама ја гледаш НФЦ и сфаќаш дека не е толку тешко да фатат плејоф