N
NikolaMKD91
Гостин
Најпрво да ви честитам за многу години независна и самостојна република Македонија !!!
Република Македонија денеска одбележува 22 години од независноста. Празникот 8 Септември, ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.
На овој ден пред 22 години, во предвечерјето на распадот на тогашна СФРЈ, се одржа референдум на кој убедливо мнозинство - 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?
На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски состав на Собранието на Република Македонија ја усвоила на 25 јануари 1991 година.
По затворањето на избирачките места, граѓаните спонтано се собраа на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје, каде беше организирана свеченост насловена Глас за Македонија со настап на стотина естрадни ѕвезди.
Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.
Државноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина.
Оваа година по повод Денот на независноста на Македонија беше организирана недела на спортот и оваа година празникот ќе биде одбележан во знакот на спортот.
Се следат кошаркарските натпревари на нашата репрезентацијата на европското првенство во кошарка во Словенија за што се организираат фан зони во сите градови на земјата, а се прослави и победата на македонската фудбалска репрезентација против Велс.
Вечерва, на денот на независноста ќе има музички концерт со познати изведувачи од земјата кој ќе се одржи на плоштадот Карпошово востание. Годинешниот слоган е „Нашето единство, наша победа!"
Извор: kajgana.mk

Не е ова партиски празник дечко