22 години независност

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
N

NikolaMKD91

Гостин
Најпрво да ви честитам за многу години независна и самостојна република Македонија !!!


1233511_510215712389579_1366425375_n.jpg



Република Македонија денеска одбележува 22 години од независноста. Празникот 8 Септември, ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.

makedonija-proslavuva-22-godini-nezavisnost-148720.jpg


На овој ден пред 22 години, во предвечерјето на распадот на тогашна СФРЈ, се одржа референдум на кој убедливо мнозинство - 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?
На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски состав на Собранието на Република Македонија ја усвоила на 25 јануари 1991 година.
По затворањето на избирачките места, граѓаните спонтано се собраа на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје, каде беше организирана свеченост насловена Глас за Македонија со настап на стотина естрадни ѕвезди.
Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.
Државноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина.
Оваа година по повод Денот на независноста на Македонија беше организирана недела на спортот и оваа година празникот ќе биде одбележан во знакот на спортот.
Се следат кошаркарските натпревари на нашата репрезентацијата на европското првенство во кошарка во Словенија за што се организираат фан зони во сите градови на земјата, а се прослави и победата на македонската фудбалска репрезентација против Велс.
Вечерва, на денот на независноста ќе има музички концерт со познати изведувачи од земјата кој ќе се одржи на плоштадот Карпошово востание. Годинешниот слоган е „Нашето единство, наша победа!"


Извор: kajgana.mk
 
Среќен празник Македонијо, Македонци! Многу ми е мило што се поклопува празникот со кошарката, затоа што тогаш сите се среќни и сплотени, ги нема оние отровни поделби и барем накратко живееме утописки и со помалку грижи.

Moјата омилена, во изведба на Каролина :


 
За многу години независна и суверена Република Македонија
 
Што има да честитаме?
После 22 год. рајата во Македонија живее во мизерија. За 22 год. сме доживеале само пад на сите полиња, ама апсолутно на сите. :tapp:



ЗЕМЈА не е исто што и ДРЖАВА/ВЛАСТ. Ве молам разграничете пред да пишувате овде. Сите вие.
 
Нека е вечна и вековита Македонија. Нека има помалку црепови политичари кои ќе ја водат. Што побрзо да се освести народот и да го крене гласот, да не биде веќе со спуштена глава. Да научиме да кажеме НЕ на некои нелогични барања и од домашните и од странските пациенти.

 
Среќен Празник Македонци, нека е за убаво! <3
 
Истото и нему ќе му го кажам. Не е Македонија како земја крива за тоа, туку криви се тие луѓе кои ја водат.

Да те просветлам!
Македонија како поим е уствари луѓето што ја водат.
Ова ти е по дефиниција, така да секоја борба да докажеш нешто спротивно ти е узалуд. Али како и да е, можеш да продолжиш да си уживаш у тинејџерските год.
 
Да те просветлам!
Македонија како поим е уствари луѓето што ја водат.
Ова ти е по дефиниција, така да секоја борба да докажеш нешто спротивно ти е узалуд. Али како и да е, можеш да продолжиш да си уживаш у тинејџерските год.



Ти разбираш или слабо нешто? Македонија е како земја, вечна. Постоела и пред политичарите, постои и сега со нив, најверојатно ќе постои уште многу години.
Државата е релативна. Утре може да ја нема. Автоматски да ги снема и политичарите. Тоа е релативно и менливо.
Македонија пак ќе остане. Што не е јасно?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom