А, ако не не почестат со такво (морам да признаам коректно и потребно) излагање?
Ќе чекаме со скрстени раце да го направат тоа( секогаш земјаќи ја во предвид опцијата никад, а можда чак ни тад)?
Тие ја имаат одговорноста зошто ние сме им ја дале.
Кога ја злоупотребуваат, може да им ја одземеме.
Но, за тоа е потребен обединет и национално освестен народ.
Народ кој ќе може да истрпи премрежја и помали удобствија денес, за помирно и подостоинствено утре.
А, не народ кој се губи во исцрпувачки и неконструктивни анализи и кој потпаѓа под апокалиптични сценарија кои го блокираат или пак нејќе да се откаже од ситните удобствија за цена на нешто многу, многу поголемо и посуштинско.
Да, треба обединет народ. По мене, и мед и млеко да тече по улиците и да живееме во Македонија, призната како таква од јужниот сосед, имотите на Егејците да се вратат, да бидеме лидери на НАТО или Лига на Народи, Унии и чуда - секогаш ќе постојат нечии интереси кои ќе буцкаат неслога, што воопшто не е тешко на балканите. Divide et impera, нели? Најважните лекции кои може да ги научиме за да ни користат во иднината ги имаме пред нас, долго пред нас, во мачната историја на Македонија и човештвото. Не треба да бараме, пред нос ни се, само треба трезвено да им пристапиме за да кажеме дека сме научиле нешто од туѓите грешки.
Продавам утопија. Всушност не ја продавам, ја сонувам. Нека е утопија обединет народ. Кој и како ќе го обедини? За тоа ти зборувам цело време... Наместо за реални заебанции како Заев, компјутер за секое дете, кохабитација, интегративни процеси интерно во Македонија и секоја една тема да разговараме, ние се караме. Не знаеме да се слушаме, незнаеме да се договориме. Не е во нечиј интерес да се обединиме...и да не те чуди ако еден ден излезе дека тој нечиј интерес кој денес е перфидно смотан во вистинска братска љубов, всушност е симулација на тапшање по рамо, топли целувки и ватрени пољубци. Има периоди кога во светот владее Правен систем, но секогаш се провејуваат посилни или послаби влијаниа на РЕАЛПОЛИТИК. Политика на терен, виши интереси и дејанија по однос на истите.
И за некои работи, едноставно треба време. Ама за воопшто да се случат, треба да почнат од некаде. Ајде да почнеме сега и тука.
Зошто треба време? Да размислиме трезвено и реално...познаваш каде живееме, во каква средина. Па маме му ебем, на Љубча државникот му го простија голем дел од пулените му пасошот бугарски. На Бранко државникот воопшто не му попречи кон примање на љубовта од чедата на државата која ја створи голиот факт на нестанување на интонирање на ХИМНАТА на Македонија.
Но, не смееме да се давиме меѓу себе заради такви постапки. Треба да ги увидиме грешките, да бидеме САМОКРИТИЧНИ - и да научиме од нив за да не се повторат. Кога ќе успееме да дојдеме на такво ниво да можеме галантно да се смееме на Заевци или Тодоровци - е тогаш мила моја ќе сме обединети за она што ВЕРУВАЈ секој од нас го има во себе.
А за да дојде тој ден, треба да се научиме на труд, треба да имаме можност да го покажеме истиот, треба да уживаме кога легнуваме, да се радуваме кога се будиме. И повторно, се враќаме на реалниот корен на неединоста на Македонците денеска - безпарицата. Да, идеалите постојат. Исто така ДА: со нив се манипулира, се вулгаризираат се со една цел - преку партиско вработување до мир на 4 години за една единка.
А јас, ти, тој... ние и по пропис имаме поволна позиција и покрај тоа што сме се копилиња на транзицијата - поволна позиција на раѓање во Република Македонија, земја која во денешната легислативна конституција е помлада од нас, но земја која со секој трепер на лисјата од горите, со секој жубор на водата која ја имаме, со секој зрак на сонцето кое не чува... не сака, како свои родени чеда - и на таа љубов треба да возвратиме. Мудро и достоинствено!
Бидејќи, Александар кај Ис не го победил Дариј само со храброст. Александар бил стратег и авторитет.
Забегав, јеботе...ал празнично расположение ме носи. И љубов за сите вас Македончишта. Главата гордо високо, и мозочињата во полна пареа.