Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Класи?
Никогаш не сум ги делела на прва, втора, трета, четврта класа.Кај еден ми се допаѓале небесно сините очи, кај друг устата, кај трет брадата, кај четврт интелегенцијата.Не сакам поделби од тој вид ... ме ограничуваат некако.
А тоа ме убива.
Затоа очигледно никогаш не сум ги имала тие проблеми, ама пак, јас сум немирна ко ветер.Не сакам класи.:smir:
Разбирам класи за нешто шо може да се види и да се потврди од сите (пари ова она)
А за убави на класи....за мене убо за тебе неубо.Нема мерило за тоа
И да не се разбереме погрешно темава не е за убавина туку за лични критериуми и преференси горе примерот беше само за појаснување.
Имав еден другар на кој слабост му беа убави девојки и му се погоди да ја фати 'најубавата'. Манекенка, прекрасно тело и згора на се пријатна девојка која што беше и те како посакувана. Откога раскинаа после извесен период ми делуваше малку разочарано затоа што како што велеше тој секоја после неа му била втора класа и дека тешко некоја ќе му се погоди барем приближно.
Што ако вашиот партнер/ка по ваши критериуми е втора класа? Се помирувате со тоа, се фрустрирате или...? Или па уште поинтересно што ако веќе сте ја имале пастрмката во рака, ви побегнала, па сега мора да се задоволите со плашици.
И да не се разбереме погрешно темава не е за убавина туку за лични критериуми и преференси горе примерот беше само за појаснување.
Сликата за една девојка настанува во еден факинг момент во глава и ако си напраиш слика дека е таа најубавата најпаметната и токму тоа шо ти треба тогаш многу е јасно дека после сите ќе бидат втора класа. Се губат ствари па така и личности. Има некој коефициент пак да се најдат, ама јебига не си спремен да играш секогаш со големи влогови. А и многу е и извесно ако сите други девојки ги сметаш за под класа на таа шо ти оставила најголем впечаток да се најдеш себеси 20 години подоцна на психијатриска лежалка, сингл, се присеќаваш на моментот кога(кажи некоја рандом ситуација) и викаш дека ти е чудно шо си уште сингл одтогаш.
Нема прва, втора класа... Има секс за една ноќ. Ако не ти е доволна една ноќ, следната ноќ прај се ко да ти е прва...
Втора класа ??
Добро , ако сметам дека е втора класа зашто воопшто би сакал да бидам со неа ?
Ради реда ? Колку да се има нешто ?? Епа не фала. Ако ја сметам девојката за втора класа нема причина да бидам со неа ...
И плус колку е глупа поделбава, по класи :uvo:
Е ај сега работава љубовен комунизам и сите сме еднакви. Сите класифицираме и секој не класифицира. Разликата се состои во критериумите по кои се класифицира.