Ја па имам некој проблем со класификацииве. Критериумите за прва/втора класа ми се некако изместени, неконкретни и постојано се менуваат.
Ако ми погледнеш наназад во љубовниот ми живот, нема да најдеш ниедна (или малку) сличности меѓу ниеден од нив.
Секако, тука се и општите критериуми за добро (убаво, паметно итн.) и лошо (грдо, глупаво итн.).
Да речеме дека сум имала партнери од двете класи. Првата класа е таа понесигурната, кога почнуваш да се сомневаш дали сте од иста класа и кога си уверен дека Марфи нешто ќе заебе пошто е предобро за да е вистинито. Втората е побезбедната класа, ама тука па не ти чини, „не е доволно добар за мене“ и такви глупости.
Во суштина, тешко дека некогаш се спаруваат две исти класи. Не зборам во очите на другите, туку во перцепцијата на партнерите. Едниот партнер често се чувствува пониска/повисока класа од другиот. Така и другиот, најчесто во обратна насока. И тука доаѓаат проблемите.
Јас најдобро се снаоѓам со партнер од својата класа. Некој што не го чувствувам ни супериорен над мене ни инфериорен под мене (и не зборам за позите во кревет). Значи, веројатно на ова мислам кога ќе кажам дека сакам партнер со кој сме на иста бранова должина. Ова, плус комуникацијата.
А и ние, луѓето, знаеме да сме некогаш заебани. Да се прецениме и да летаме високо, или да се потцениме и да се осеќаме како гоВна покрај партнерот.
Toa зависи од субјективната перцепција за себеси, пред се, а после и за партнерот.
Шо знам, не сакам да се замарам со класиве, ми звучат ко дополнителни проблеми.
