Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Оооо Господе Боже мој, чувај не и брани не од самите себе!
Па 5кг во една ќеса нема ни да успеам да ги однесам до дома. Која е таа ќеса од маркет или дисконт што може без проблем да издржи 5кг?
Приметив дека во Тинекс се уште немаат хартиени ќеси, додека во некои локални продавничиња имаат. Па и кога им реков, имам над 5кг артикли, ми викаат, кога ќе се поделат во две ќесиња не се над 5кг.
Башка тоа, еден ден пластичната ќеса ја наплаќаат 1 денар, наредниот 2 денари, после 1,5 денар, ама оти дените не се во употреба, наплаќаат 2 денари.... Хаос.
добро сега, јас имав 4 литра кока кола носено во тие кеси и имаат издржано
ама сега да се вратам на темава.
законот е катастрофа. особено кога ќеса со иста носивост во една продавница чини денар, во друга 2 денари...
тогаш подобро да си земам кеси од продавницата каде што се 1 денар за да испазареното од маркетот кај што се наплаќаат по 2 денари го ставам таму!
значи, овој закон нема врска, бидејќи се е исто како порано, освен што кесите се наплаќаат!
![]()
А зошто бе кесите не ги ставаат на фискалната сметка, а каде одат парите сега од кесиве?
Во џеб???
ги ставаат на фискална.
еднаш купував нешто од кај мене во пекара, ми куцаат фискална ама гледам нешто фали и ги прашувам: „А ќеса?“ и оваа кучкава ми вика 2 денари...
и добро, давам и ми откуца посебна фискална за тоа.
инаку до кое ниво дојдовме, морам да молам за да ми даваат ќеси.![]()
E јас до сега тие што ми ги наплатиле ги немам видено на сметка
А зошто бе кесите не ги ставаат на фискалната сметка, а каде одат парите сега од кесиве?
Во џеб???
Хартиени ќеси има само во Рамстор.Ни во Веро,ни во СП,нигде.Ќесите секаде се наплаќаат различно(1,1.50,2,3 денари).Убава е замислава со хартиениве ќеси како во Америка,само треба да се спроведе законов.Ќесите не дека не издржуваат ама јас коа пазарувам секад си купувам и најлонски кеси,бидејќи хартиената ќеса во Рамстор не е практична,мала е,дното на ќесата не е право така да за 2 денари ќеса нема да се збогатам а нема ни да се осиромашам.
:salut: