Респект за тимов!!! Инаку не би очекувал да продаваат некој зашто претседателот има пари колку сака па сигурно ке троши пари како луд за засилувања. Инаку историјава на клубов е луда. За 7 години мислам дека поминаат 7 лиги и сега се на прво место во Бундес.
И сторијата не ти е баш точна комплетно.
Клубот е формиран за гимнастика
Turnverein Hoffenheim (основан 1899), додека фудбалскиот тим
Fußballverein Hoffenheim (формиран е во 1921). Додека во 1945 година станува современ клуб.
На почетокот од 1990 година бил еден чуден аматерски клуб кој играл во 8(осма ) девизија во Baden-
Württemberg A-liga, После тоа цело време се подобрувале и во 1996 година влегле во Verbandsliga Nordbaden (V).
Во 1990 година во клубот се враќа
Dietmar Hopp, но не како играч туку како финансиер( инаку во младоста Дитмар Хоп бил играч на Хофенхајм) банкар кој давал финансиск подршка на клубот. Па така со својот допринос финансиски почнале да доаѓаат и резултатите.
Па така во 2000 година успеале да стигнаат во
Verbandsliga, во која го освоиле првото место, со што се унапредени во четвртата-група на
Oberliga Baden-Württemberg , уште со едно прво место клубот се пласирал во
Regionalliga Süd (III) во сезоната 2001/02 година. Во првата сезона во оваа лига го освоиле 13-то место, . Во ова лига се задржале уште две сезони во кој го освоиле 5-тото и 7-мото место. Во сезоната 2005/06 го постигнале најдобриот пласман 4-то место.
Следната сезона ангажирани се искусен тренер
Ralfa Rangnicka кој потпишал 5 годишен договор (поранешен тренер на Штудгарт, Хановер и Шалке) и фудбалскиот ветеран Томислав Мариќ (поранешен репрезентативец на Хрватска) кој во моментов е помошен тренер.
Во 2006/07 година се промовирале во второлигаши при што во нивната прва сезона го освојуваат второто место и еден селски клуб со околу 3000 жители се пласира во Бундес лигата.
Но тоа изгледа небило се има уште пријатни изненадувања од овој клуб, ете требаше во нивната прва сезона да бидат лидери па да се дознаат нивните претходни подвизи кој ги направиле во периодот од 1990 година до денес.
Нивниот подем започнал од 1990 година.