Сега, кога сум веќе возрасен, самостоен човек во било која смисла, кога ги гледам родителите еднаш во неделата отприлика, кога би ми кажале дека сум посвоен...би ми било сеедно.
Сепак, родител е оној кој детето го одгледал, кој му овозможил во животот да го најде вистинскиот пат, сето тоа со многу љубов и грижа.
Биолошките родители, еве, го оставиле детето на посвојување...Зошто? Непланирана бременост, немање пари, па, еве и дете, кое е само товар и би требало да се ослободат од него...
Инаку, сигурно знам дека не сум посвоен, така да сето ова го зборувам само теоретски.
А, ако би бил посвоен, таков каков што сум, би сакал да ги запознам биолошките родители. само еднаш да ги видам и да ги запрашам зошто. И, толку со нив.
И, да си знаете:
Кога детето оди на посвојување, од матичната книга на родени се брише уписот на тоа дете, и се запишува во матичната книга на родени во градот од каде се посвоителите, и во графата „родители“ стојат нивните имиња и презимиња, исто како детето да е биолошки нивно, и нема шанса да се пронајдат биолошките родители по тој пат.
Исто, и на посвојувачите не им се кажуваат такви податоци.