Јужноафриканскиот психијатар Вернер Неп наведува дури 20 разновидности на овој феномен, стар колку и самиот човек.
Толстој, Дикенс, Фројд-многу големи имиња пишувале за него.
И, се разбира, обидите за негово објаснување се бесконечни.
Да започнам со магичните толкувања.
Чувството за веќе доживеаното е добредојдено за проповедниците на верата во повторното раѓање. Но и други го користат како доказ за своите тврдења.
Многу парапсихолози оваа необична појава ја поврзуваат со способноста на човекот потсвесно да претчуствува. Натприродните својста што ги поседуваме (парапсихолозите ни ги препишуваат без капка сомневање) ни дозволуваат да предвидуваме некои идни ситуации. Но информацијата за нив ние ја складираме во својата потсвест. Дури кога навистина ја преживуваме ситуацијата предвиденото испливува во нашето сознание. Други причината за овој феномен ја бараат во сосема различен правец. Според нив, нашиот ум понекогаш се вклучува во мрежата на непознатата космичка димензија. Во него се чува (дури и во писмен вид!) целата вистина за минатото, сегашноста и иднината на светот.
Во таквите моменти нашиот ум ја чита вистината за иднината, но заедно со тоа настаните ги преживува и на јаве. Се случува нешто како дуплирање на дејствата. Oттука - чувството за нешто познато.
Некои, пак, се категорични дека фалшливите спомени доаѓаат до нас по телепатски пат. Друг човек, кој се наоѓа на истото место со истото време, со кого сте во умствена врска, ви го предава она што го гледа и што го слуша во моментот, неколку секунди пред вие самите да го видите и чуете.
Сите објаснувања околу веќе виденото се прилично неверојатни и тешки за верување, но впрочем, таква е и природата на ваквиот феномен, прилично неверојатен. Кое од овие објаснувања е точно, само Господ знае.
Како и да е, јас се потрудив колку толку да ве упатам. Ќе следи и втор дел со научните објаснувања околу овој феномен. До тогаш, бидете ми добри.
Крај на првиот дел -
stormangel@kajgana.com
:wink: