Јас во суштина сум атеист. Религијата ми создава мака. Посебно зошто мојот феминизам на моменти преминува во фанатизам и никогаш не би дозволила мојот маж да биде ,,мој водач во животот, мој заштитник“ итн итн итн.. Не би можела да живеам во патијархално семејство - кое најблаго го наметнува христијанството, а со пресија исламот. Според религијата - сега зборувам за христијанство - јас треба да се лишам од многу задоволства - а тоа не ми одговара. Сепак, ме навредува кога некој ќе ми каже ,,зошто постојам“. Како што спомнал xmidpoe погоре. Јас имам поисполнет живот од повеќето верници и верувам дека сум попродуктивна и покорисна за општеството од повеќето нив. Имам семејство со кое сум во добри односи, имам пријатели, студирам и имам многу пријатели и на факултетот, активист сум за заштита на животните и луѓето, постојано организирам и спроведувам акции за бездомни и болни луѓе, бездомни и болни животни, постојано донирам, волонтирам итн...
Ако седнам дома и се молам ,,лебот насушен Господ да им го даде,, веројатно ќе умрат од глад. Не треба така да биде и никој од вас не може да ме убеди дека некаков Господ сакал некој толку да страда.
Од друга страна, тука се моите лични задоволства. Сакам да пушам, сакам да пијам и сакам да имам секс. Според религијата, треба да чекам прва брачна ноќ. А тоа е смешно и трагично, барем за мене.
Понатаму, не верувам во универзална вистина. Зошто тогаш постојат исламот, будизмот, јудеизмот, итн..?? Кој е во право??
Сите верници имаат дуалистички поглед на светот - нешто што ги попречува да бидат објективни - па веруваат во една вистина, а доказ е дека нема една вистина.
Јас не се мешам во религијата - ничија, ама ме провоцираат верниците кои мене ме учат дека јас живеам ,,грешно,,. Грешно е кога ќе поминете покрај бездомен човек и ќе си го затнете носот. Бездушно е кога само офкате за овој или оној, а не преземате ништо зошто ,,немате пари,, ,,немате време,, ,,не знаете како,,........ Бездушно е да најдете самошто родени кученца и да ги фрлите во контејнер.
А многу од вас го прават тоа. Па кој има поголема душа, јас или вие што се пронајдовте во мојов пример???????