Пропуштени шанси...

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Што не останав во странство кога имав прилика...уф колку се каам ради таа глупа германија...ќе плачам...
 
Шо влегуе у шанса? Дилема настаната од два предлози?Еден предлог? Не е предлогот шанса. Шансата се претвора во тоа што е дури откога ќе видиме дека тоа што сме го одбиле му пораснала цената. Да се каеш е глупо. Да седиш со скрстени раце е бар стопати поглупо од претходното. Искуството е тука за да не поучи дека добрите и лошите работи се само последица на нашите постапки. Така ми било пишано е прилично глупа изрека шо може само измрцварен народ ко македонскиот да ја смозга. Исто ко трпение-спасение, само субмисивна матрица навикната да и го опашува кој стигне може да изнедри ваква мудролија.
Не постојат пропуштени шанси. Постојат арогантни мрзливци шо чекаат се на тацна и си лупаат главата од ѕид, па за секоја животна дешавка мозгаат шо ќе беше ако беше, и тоа отпосле, шо е најтрагично. Да добиеш на тацна е супер, ама да чекаш е кретенски. Пример, ќе се надоврзам со темата за успех со врски. Прво и прво, едно е да си директорско дете па да станеш директор уште неотрезнет од апсолвентска, друго е да инвестираш во своето образование, да се надоградуваш, да остваруваш контакти кои би ти биле од корист кога ќе стасаш во извесен стадиум во сопствената струка. И едното и другото се врски. Дали во врски во негативна смисла ко сите шо ги сфаќаат спаѓа тоа шо му се случи на другар ми шо имаше желба да студира на Штуловиот во Тетово, не успеа пошо не му успеа да земе стипендија неговите неможеа да искешираат и реши да работи ко келнер у кафана. Тамо се упознал со некој професор од Штул,шо бил редовен гостин кој шо му ветил дека ќе му среди да плаќа на не знам колку рати. Сега другаров е на постдипломски негде у странство.
Да се туфкаш и да ти биде крива државата дека само со врски се успева е во најмала рака остаток од прошлиот режим коа најомилена пцовка за се што ќе се случи во твојот живот е ,,Ебате државата". Нешо ко: E шо к*р учам и иам 10 ки пак ќе ми го земе местото некој со врски. Е па, друже иди у Северна Кореја, тамо ќе се крстиш во слика со Ким-Ил-Сунг(мислам беше) и топ ќе ти биде. Нема интернет, нема дискачи, нема цивилно општество, нема интерперсонална комуникација, имаш само знаме у соба, слика од диктаторот, се фураш на нуклеарни проби и мрзиш Американци. Врски, шо ќе ти се, ти го перат мозокот уше од мал, те спремаат за одредена професија, те оперираат од амбиции. Унапредување? Шо ќе ти е, ионака има еден вид панталони и еден тип патики. И тоа не ги ни купуваш со заработени пари него ти ги даваат од фабриката, пошо истата не извезува нигде. Сакаш да заработиш, да имаш сопствена кола, стан, да си дозволуеш одмори и викенди, да успееш сакаш, со еден збор да можеш да си ги дозволиш работите што те исполнуваат или придонесуваат да се чувствуваш поубаво, епа друже it's up to you. Пропуштените шанси се во твојот ум, шо робува на субмисивната homo-balcanicus матрица. Шанса е еднакво на цел. Општество со еднакви шанси е кретенско и за неспособни дебили. Создади си сопствени цели и придржувај се до нив. Изгубена битка, не мора да значи изгубена војна. Погледнете го Доналд Трамп. Не гледајте емисии со синот знае 8 јазици, свири 5 инструменти и напамет решава матрици, ама државата не го вработила оште, мија немамо си паре, ево он учи, ал државата нејќе да го помогне, а талент има...Изглеа така ни било пишано...
Ебате сељаците балкански ебате.
 
Како што и самата авторка на темата кажа, секој од нас има пропуштено некаква шанса. Лично за мене ако зборувам, можам со сигурност да кажам дека немам пропуштено ниту една шанса која би била од големо значење за мене.
Таквите шанси веќе не се шанси, туку се нови почетоци на нешто многу интересно.
Верувам дека пред мене има уште многу шанси, и независно од тоа дали се важни или не, секогаш ќе се обидувам да ги фатам и да ги искористам максимално.
 
Имало шанси сигурно што сум ги пропуштил и што ми било мака,но сепак сум гледал напред и во нешто друго да надоместам,сепак и од тоа се учи,дека треба да ги отвориш 16 очите,да влегуваш во ризици зашто без ризик нема никаква добивка...и мислам дека со време стануваш се подобар и поискусен
 
Баш вечерва пропуштив една шанса... И никој друг не ми е крив, туку јас самиот.

Навикнав да бидам разочаран од пропуштени шанси. Единствено што можеби е добро е што воопшто ја видов таа шанса. Во општ случај, не би ја ни забележал. Значи, напредок. :smir:
 
Сум пропуштила многу шанси во животото и денес многу ми е криво заради тоа.
Но не можам да не се запрашам " A што ќе беше ако ... "
If you know what I mean.
Патем, секогаш има некој што ќе ја искористи шансата што вие сте ја пропуштиле. :(
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MIL

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom