Пре-солидно продолжение,повеќе од солидно,според мене 8,8.5/10 за првиот филм(од третата трилогија)...

Најголема забелешка имам на
сценариото односно дупките во него...на друго не(актерска екипа,ефекти,глума и се останато и да сакам не можам да најдам мана)...
Нормално е шо оставаат мистерии за наредните филмови,ама некако не оставија со подзината уста и со еден куп прашалници и неодговорени прашања..
Работи кои можеа барем малку да се потрудат и да ги објаснат подобро....
Пред се...
КАКО УСПЕА ПРВИОТ РЕД ЗА ТОЛКУ КРАТКО ВРЕМЕ ДА СЕ ИЗДИГНЕ ВО ТОЛКУ СИЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА?
Империјата беше уништена,Ситот поразен,според она што го видовме беше возобновена старата република..
И како се дозволи за само 30ина години(отрпилика,со оглед на возраста на Кајло Рен) се она што беше создадено од Отпорот да се уништи,и да се вратат на истата позиција,дури и бетер од 4тата епизода...
Републиката игра речиси никаква улога во Галаксијата...
Е сега не ми е јасно како Леа Органа како лидер на отпорот против Ситовата Империја стана
ОДМЕТНИК,а републиката сеуште постои/постоеше?(барем до онај момент додека не беше уништена од разурнувачкото оружје на Првиот Ред)

Овие работи ги оставија ептен нејасни..

Сигурно ќе се осврнат доста на ова во наредните делови,како што беше и во изминатите епизоди..
Зошто ова се работи кои се навистина важни за суштината на филмот...
За другите
ЕНИГМИ (која е всушност Реј)горе долу се насетува одговорот...
Јасно е дека не е ќерка на Хан и Леа,иако на почеток малку не заведоа натаму,посевно по сцените кога Хан и Леа имаа исти гледишта со Хан околу пилотирањето и познавањето на проблемите на едно летало..
Но после онаа сцена со Кајло Рен и паднатиот light saber(и тоа не било кој,туку мечот на јаголемиот џедај што некогаш постоел во галаксијата)

во снегот,и како успеа да му го одземе пред нос на Кајло Рен јасно е
ЧИЈА Е ТОА ЌЕРКА?
Една млада девојка успева да се спротистави на еден од најмоќните воини на темната страна на силата...
Сигурно не е среќа...

И како ја пречека Леа во базата,и веднаш ја гушна,а дотогаш ја немаше видено никогаш,сигурно не е random,крвта не е вода...

И најверојатно како многу млада е обучувана од Лук,но и е избришана меморијата,и останува да живее во некоја бледа меморија од нејзиното најрано детство...
Да се надева дека нејзините родители се сеуште живи,дека ќе дојдат еден ден во Џаку и ќе ја спасат итн....
Но по нејзината средба со Маз во подрумот каде го наоѓа тој стар џедајски ковчег на Лук се се разјаснува..
Лук ја спасува од Првиот Ред,го сокрива нејзиното постоење,и самиот исчезнува од дофатот на сите што ги сака...
Најдобро е доловена таа сцена,кога при самото влегување на Реј во подрумот има flash-ови од тие настани...
И сега идиме на најважното прашање?
Што е тоа толку важно што го натера Лук да остави се што сака,и да крене раце од се за што се бореше, и да се изоллира на островот...?
Додека републиката и галаксијата е растргната од новото зло...
Малку просто е тоа образложени на Хан во кое вели дека Лук се чувствуваше одговорен за предавството на Кајло Рен и дебаклот на новата генарација Џедаи и реши да напушти се...
На ова прашање ќе добиеме одговор веќе на првата сцена од наредниот филм,при првиот разговор помеѓу Лук и Реј...
Е сега кога сме кај Првиот Ред,доаѓаме и до Сноук?
WHO THE FUCK IS SNOUK?
Како успеа да се издигне еден лик како Сноук во една толку важна фигура во галаксијата,дури да стане и помоќен од Ситовите...
Од каде доаѓа Првиот Ред?
И ова прашање е сигурно дека добро ќе биде разјаснето,сигурно не е некој шогоде тип,баш и на тоа цело време алудираа со тие холограми и комуникации со тој генералот и Кајло Рен..
Еден куп прашања се наметнуваат околу ова...
Дали Првиот Ред постоел и пред Ситовите?И дали Ситовите биле некоја Марионета на Првиот Ред?
Доста веројатна опција ми е оваа...
Ќе видиме,мое мислење е...
Доста работи ќе бидат појасни во наредните продолженија...баш ме интересира која ќе биде приказната околу новото издигнување на темната страна на силата...
Само ептен не ми е мерак што поставија 2 години timeline помеѓу продолженијата..
Можеби најдобро ќе беше како Хобит и Господарот да ги испукаат сите 3 филма за 2 години и да не не мачат вака..

П.С.
И само јас сум на тоа мислење дека не го видовме последното од капетанот Хан Соло?
Или има и други?
Точно е дека беше прободен од lightsaber,дека падна во провалија,дека цела таа база(планета)беше уништена...
Ама не ми е некако(филмски)реално така да ја завршат сагата за еден од најглавните ликови во целата епопеја..
Ептен некако просто беше се,чувството на Леа кога Кајло Рен го уби својот татко,и реакцијата на Чубака кога збесна и распука се живо и диво...
Мислам дека ќе има нешто повеќе од Хан во целата оваа приказна,не ми се верува така да го завршат поглавјето на еден од најглавните ликови....
Ќе видиме,сакам да е така...

Без Хан Соло за мене Star Wars не е тоа тоа...
Глумата на Харисон и Чубака,и нивните дијалози и мајтапи се голем дел од она што го прават овај филм-
филм на филмовите...
