Star Wars

  • Креатор на темата Креатор на темата џимеј
  • Време на започнување Време на започнување
Што има у Aftermath? Како се раѓа First Order, после смртта на Императорот?
 
Што има у Aftermath? Како се раѓа First Order, после смртта на Императорот?

Не, уште се тепаат со Империјата. Се дешава одма после битката на Ендор. Ама па таа книга е само првата од трилогија, така да можда понатаму ќе има нешто за First Order.
 
Добро е, барем ви го привлеков вниманието и ве натерав да размислите за тоа.
Еден од начините на одбрана на сопствениот идентит е одбраната на јазикот, инаку дистрбенсот е поголем од хајпот за филингот кон Македонија (да ни е вечна). :cool:

Инаку имаше доста работи кои ми сметаа во оваа епизода од серијалот. До душа има вакви пропусти и нелогичности и во оргиналната триологија. Можеби некои од овие пропусти ќе се објаснат во наредните делови, а некои ќе останат како пропусти и за навек.
Тука пред се мислам на Реj и нејзиното „инстинктивно“ користење на силата, и можноста да му парира на Кајло Рен во мечување.
Некој ќе рече дека имала искуство со „стапот“ кој (по мене тотално непотребно) го носеше со себе, ама тоа е ко да кажеш дека од ганстер кој користел пиштол може да стане одличен снајперист.
Исто така ми сметаше (љубовната) приказна помеѓу Реj и Фин која се развива со светлосна брзина. Запрашајте се дали вие би му верувале на некого кого сте го „запознале“ неколку секунди пред заедно да бегате во некое вселенско возило кое до тогаш сте го сметале за ѓубре.

Ама пак ќе кажам дека не беше лош филмот (не беше ниту одличен до душа).
 
Добро е, барем ви го привлеков вниманието и ве натерав да размислите за тоа.
Не гледам дека некој е тригиран да разврзува дискусија со тебе да дебатира на тема национален идентитет и негово зачувување, рефлексивни реакции беа тоа на глупостите кои ги пишеш.
 
Стапот непотребно го носела со себе, а тоа што нејзе тоа и' е оружје нема врска. Втора работа, Кајло Рен е далеку од одличен борец, така да не е ни чудно што изгуби ко магаре од Реј. Ај ќе ти оставам тука еден клип, еден дечко објаснува некои работи, за кои мислам дека држат вода.

Ако сакаш напрај и еден превод на македонски на видеово.
 
Вакви заклучоци и барање на нелогичности носете после Episode IX.
 
Ја да имав трпение ова цело да го читам до сеа ќе бев веќе дипломиран. :icon_lol:
Само болдираните точки читај ги, скипни ги тие дијалозите. :)

@true blue - Кајло е и те како јак борец. Најдобра отслика за тоа беше на самиот почеток, кога го фризна лејзер бимот на По и после тоа пет минути правеше муабет и се ебаваше околу, држејќи го бимот стеди во меѓувреме, како да не е ништо посебно. Таков потег не се гледа баш често и не може да го изведе било кој мајстор. Веројатно тој е бил и најдобар ученик на Лук (Дааахх дедо Вејдер, вујко Лук), па откако му има свртено грб, овој се замонаши ..

Проблемот кај него е тоа што за разлика од Лук и Анакин, тој седи на два стола меѓу Форсот и Темната страна. Колебливоста меѓу двете страни, му е најголема пречка во достигнувањето на целиот потенцијал. Затоа и самиот се исповедаше пред хелметот на Вејдер дека го осеќа надоаѓањето и повикот на Форсот, и плус пред крајот Сноук јасно и прецизно му кажа на наци џинџер генералот да го собере Кајло Рен и да го врати назад, за да му го завршат тренингот. Затоа и пишав во вчерашниот пост, дека оваа трилогија може лесно да се претвори во Kylo Ren's Redemption.
 
Повеќе мислев на неговите скилови за борба со сејбер. Пошто останува фактот дека немал со кого да тренира, нема ни сериозен конкурент, нема ниеден Џедај (освен Лук кој е некаде, никој не знае каде, во бегство).
 
Очекувањата ми беа до плафон дигнати, јебига, Star Wars е. Не само што ми ги исполни очекувањата туку и ми ги надмина. Немам ни ситници на кои би им замерил, до толку ми беше погоден.

Сега полека ќе се исчисти старата екипа (Han Solo, you'll be missed) и младиве се надевам ќе го носат серијалот во добар правец. Нивно е сега шоуто.

Фалата ти JJ Abrams, my new hero. Back to the roots baby! <3
 
Најверојатно ниту во оваа трилогија нема да ми се исполни желбата а тоа е да дадат сцена каде што ќе се тепаат 20 на 20 џедаи против sith лордови. Но добро, мислам дека чим тоа не го направија во втората трилогија каде што имаа простор за такво нешто, веќе тоа нема ни да се деси.

За филмот, одличен е, задоволен сум. Да, можеби има некои ствари што потсетуваат на оригиналната трилогија, сепак сакаат да играат на картата носталгија. Ние што сме израснати со втората трилогија можеби и не разбираме толку, али луѓето што ги гледале филмовите од 77ма и што се растени со нив, којзнае како им е кога ќе видат некои познати работи.

Во следната епизода очекувам повеќе информации да се дадат за Реј и тој што беше главниот, the supreme leader. Само не сакам да биде нешто клише во стилот на Кајло да биде трениран од Supreme Leader, Реј да биде тренирана од Лук и испадне негова ќерка и на крај овие да испаднат братучеди и да мора да се тепаат еден против друг. Шпанска серија.

Ми фалат џедаи, јебига. Нема нешто по bad ass од џедај, не постои до сега измислено во било кој филм, игра, стрип што и да е. И ништо во филмот не ми крева толку адреналин кога ќе бидам битка на двајца со lightsaberи. Пред да го изгледав филмов, немав ништо читано и не знаев во кој правец ќе се одвива и цело време си мислев дека после Лук некако ќе се врати цела таа религија на џедаите, ете нешто Лук пробал да врати ама не му успееало и се откажал. Fair enough.

До сега имам се изгледано од филмови и анимирани серии што се во врска со Star Wars, имам прочитано доста стрипови, но немам читано никакви книги од оваа франшиза. Така да може ли некој да ми даде некаков guide на книги од Star Wars, кои да ги читам, што да читам и од кај да почнам да читам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom