Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Правилно се расте дете со многу љубов,нега и разбирање,а за тоа не се секогаш потребни двајцата родители.Сум дете да си израсне со мајка и татко,фамилија...но не секаде и секогаш е така хармонично.Сеа тоа е друга приказна,темата е за девојки кои со намера затруднуват за да имат дете и живеат сами.Не оправдувам напоменав во друг пост зошто,но такво дете ќе биде подобро изгледано,отколку дете растено со мајка пијаница и татко ем пијаница ем силеџија....Неможам да одлучам да станам самохран родител од самата помисла дека на дете му се потребни двајца родители (да не навлегуваме, ама ако...), значи колку што има потреба од мајчинска грижа љубов, толку има потреба и од таткова љубов, заштита , совети , грижа, мислам дека татковците даваат уште поголемо чувство на сигурност кај децата, барем во мојот случај, и се целосни, немаат х прашања и не се замислени и без одговор, така да подржувам пред се комплетно семејство за едно дете да расте правилно и му биде удоблена сета љубов и грижа која му е потребана, значи за се се потребни двајца, па така и за децата потребни им се двајца родители, мајка и татко.
Не би се *одлучил* да бидам самохран родител... Но ако детето е веќе родено, а мајката не ја бива (пред сè за детето), би се одлучил на таков чекор и би барал друга жена, која би го прифатила детето/децата.
Крусер темата е дали би одлучил сам да одгледуваш дете. Значи решаваш дека нема да имаш брак, врска... ништо, а сакаш дете. Улогата на девојката(мајката) е само да го роди детето. Малку грубо ми прозвучи ова, али во однос на темата е таа улога.
А и искрено не можам да се сетам на некоја причина зошто жена би се одлучила на ваков чекор. Зошто едноставно да не го направи тоа како и сите други и природно да основа заедница на мајка, татко и дете?
Аха... А ако жена се одлучи да биде самохран родител, улогата на дечкото(таткото) е само да биде извор на сперма?
И тоа не звучи грубо?
Малку ми е двоен стандардот во однос на тоа прашање...
Исто важи и за машко и за женско. Во вакви случаи понекогаш таткото може и да е сосема непознат. Мајката мора да е позната во обратниот случај.
За грубо се слагам, и грубо и себично.
Јас не мислам дека поимот да се биде самохран родител има врска со модернизирано и современо општество. Деца се раѓале секогаш, љубовта недостигала секогаш, паметот кај луѓето е присутен секогаш. Може да се каже само дека медицината е понапредна, па на луѓето т.е. жените кои се решаваат на таков чекор, може истиот да им го овозможи без да мора да постои било каков маж, со кого би морала да биде интимна само за да роди.Мислам дека вродена особина е кај нормалниот човек да го гледа своето чедо како е среќно и расте покрај двата родители. Колку и да газиме во некое модернизирано и современо општество, во кое емоциите се избегнуваат , луѓево се во голема заблуда кога сосема свесно и трезвено раѓаат деца преку епрувета или со избран сурогат.
Ако околностите наведуваат за самохраност, тоа е веќе друга работа.
Не мора да го одлучи тоа ако не сака. Затоа има мажи кои ги оставаат своите сперми по болници, да се најдат во такви случаи. Туку, нивната улога не ти звучи грубо? Што донираат сперма од која којзнае колку деца ќе се родат? Дркаат на порно списанија за некој денар (ги плаќаат и кај нас, да?), не размислувајќи што прават со тоа?Аха... А ако жена се одлучи да биде самохран родител, улогата на дечкото(таткото) е само да биде извор на сперма?
И тоа не звучи грубо?
Не :nesum: