СП Хрватска 2009 - Ракомет (мажи) - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Едно не ми е јасно? Како може да не му се уклапа во тактиката кога баражот го изигра со него квалификациите исто? Друго: да не се уклапаше немаше потреба да го викне ни за Хрватска па види сега:toe::helou:

абе што се запнале со тоа дека не му е уклапа у тактика. Кажаа јасно и гласно дека Стојановиќ не е заздравен сеуште од повредата и затоа не ни играше и тој е веќе во Скопје ако не се лажам, а на негово место во Задар повикан е Стојанче Стоилов (пикер). така да нема никакви шанси за Стојановиќ да игра ...
 
Немој и ти со пцуење тој така го изјавил својот гнев...Смиретесе луѓе со е оваа агресивност!!

Абе јас дома маса и телевизор скршив и вчера ќе тепав еден другар само затоа што сакаше да ме заебава, заради тие проклети судии и овој сега вика дека судиите добро суделе, а ние сме играле лошо.
Но, ок смирување:wink:
 
Љупчо полека, нека не ти се повтори тоа :wink:
 
Џену дај малце поагресивно на темава:)
Нејќам да ти се мешам у работа нелии, али вакви чобани со вакви постови молим те...
 
Ок, само подобро би било да кажеш дека причината е физичката неподготвеност! Не тепаа на кондиција!
Зошто ако гледаш така, и тие го имаат истит притисок, и тие изиграле 6 натпревари во 8 дена!

eeee toa sakav i jas da ko kazam, vcera slisam na site vesti kako nasive bile mnogu zamoreni iscrpeni itn itn , pa i drugite reprezentacii igraa vo 8 dena 6 natprevari

Не сте сосема во право. Донекаде да, донекаде не.

Ама тие играат цело време така а нашиве (освен неколку)играт по еден натпревар во неделата и тоа со некој скапани екипи ссвен Вардар-Металург..Така да нивната физичка подготвеност е многу слаба!!!

Ова над мене е точно. Репрезентациите како Данска, Норвешка, Германија, поточно нивните репрезентативци по цела година играат натпревари со класа екипи против класа противници и затоа не им пречи многу ова набиено темпо на натпревари со многу мал одмор.

Второ, земјите фаворити на ова првенство имаат младински академии во кои за играчите се грижат цела армија на луѓе, што лекари, што нутриционисти, што тренери, што психолози, а нашиве ракометари(барем оваа генерација, за помладите не знам) се производ на ракометни школи, во кои освен тренинг и натпревари, друго ништо нема. И јас сум репрезентативец на мојата земја и знам како е кога пливам против некои од Балканот, а како е кога пливам против некои од развиените европски земји, за преку океаните па ич да не правиме муабет.

Со оглед на фактот како стои и на кое ниво е спортот во оваа земја, сите треба да бидеме задоволни од пласманот на нашите репрезентативци, дури и да ги изгубат следните натпревари, што никој не посакува да се случи.
 
ај доста карање, да не и свратам на Џену:vozbud::pos2::pos2:

вечер од колку саат играме??
 
Абе јас дома маса и телевизор скршив и вчера ќе тепав еден другар само затоа што сакаше да ме заебава, заради тие проклети судии и овој сега вика дека судиите добро суделе, а ние сме играле лошо.
Но, ок смирување:wink:


добар си ти.. чаша скапа и на другар ( добар ) залепиф му еден бајги жежок шамар...од сеа сам ке си ја гледам македонија :toe: за час ке биде ептен тешко ама мислам дека ке тепаме ( атмосвера и плус нели за тоше ке играт ) значи имаме 2 играчи повише:back:
 
30-29 за нас денес :vozbud::vozbud: најслатка победа ќе биде
 
Стварно не треба да игра Филип Лазаров сеуште е млад за вака важни утакмици..8 шута 2 гола реализација никаква + избрзува со ударите
 
Филип ќе биде добар за 4-5 години. Сега не е. :(
Млад е уште и неискусен. Нема апсолутно никаква потреба да се форсира на вакви битни натпревари. Нека си игра на пријателски...
 
Баш дека е млад и неискусен. Искуство се стекнува на вакви натпревари. Втора причина поради која е во состав е немањето на соодветни резервни бекови. Стоилов е добар, меѓутоа само во асистенции се истакна, додека постигна само 2 гола за 3 натпревари.
Марковски и Митков се форсираат само за одбрана и немаат класичен силен шут за напад.
Според мене освен неиграњето на Стојановиќ исто така хендикеп е и тоа што заборавија на Лазе Мајнов кој што беше во Словенија прогласен за најдобар бек.
 
абе што се запнале со тоа дека не му е уклапа у тактика. Кажаа јасно и гласно дека Стојановиќ не е заздравен сеуште од повредата и затоа не ни играше и тој е веќе во Скопје ако не се лажам, а на негово место во Задар повикан е Стојанче Стоилов (пикер). така да нема никакви шанси за Стојановиќ да игра ...

Да се разбереме не се работи за повреда прочитај наназад неколку поста од кајганџиите ќе видиш дека не се работи за повреда дека повредата е минато.:smir:

Еј, жити мајка немој вакви коментари, зашто со недоволно заздравениот Димовски и новодојдениот Мите Стоилов, Ѓоргоноски има многу поголем товар на себе отколку што би требало да има. Не заборавај дека тој е нашот втор пивот, а игра како прв, и во нападот и во одбраната.

Знајте дека апсолутно сите ракометари што се долу на теренот заслужуваат наша најголема поддршка, зашто верувајте дека даваат и повеќе од својот максимум на ова Светско првенство.

Лошо си ме разбрал, не потценувам никој и мило ми е што сите се носат со товарот кој го имаат на грб. Одличен играч е но да го стигне нивото на Димовски во напад треба уште многу да јаде и да се надоградува за да може како Ванчо да прими топка со една рака со друга да се отурне од играч и тн.

Referees: Nordine Lazaar / Laurent Reveret (FRA)
Representative: Bader Al Theyab (KUW)
Official: Christer Ahl (USA)
Timekeeper: Said Bouamra (ALG)
Scorekeeper: Frantisek Taborsky (CZE)

Официјалните лица за денешниот натпревар.

Според ова што го гледам а француските судии би требало доволно фер и коректно да судат зашто сепак се работи за Франција земја со реноме во ракометот.
 
ако се Француски судииве не ме радвит многу,многу.Тешко ќе е против 7 мина Данци и 2-ца Французи
 
ако се Француски судииве не ме радвит многу,многу.Тешко ќе е против 7 мина Данци и 2-ца Французи
баш напротив они може и да судат за нас.
зашто?
затоа што противник како нас полесен им изгледа отколку некој како данска за евентуалното полуфинале,барем ја идам од таа логика бидејќи они најверојатно рачунаат дека би изгубиле од хрватска
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom