Ок, само подобро би било да кажеш дека причината е физичката неподготвеност! Не тепаа на кондиција!
Зошто ако гледаш така, и тие го имаат истит притисок, и тие изиграле 6 натпревари во 8 дена!
eeee toa sakav i jas da ko kazam, vcera slisam na site vesti kako nasive bile mnogu zamoreni iscrpeni itn itn , pa i drugite reprezentacii igraa vo 8 dena 6 natprevari
Не сте сосема во право. Донекаде да, донекаде не.
Ама тие играат цело време така а нашиве (освен неколку)играт по еден натпревар во неделата и тоа со некој скапани екипи ссвен Вардар-Металург..Така да нивната физичка подготвеност е многу слаба!!!
Ова над мене е точно. Репрезентациите како Данска, Норвешка, Германија, поточно нивните репрезентативци по цела година играат натпревари со класа екипи против класа противници и затоа не им пречи многу ова набиено темпо на натпревари со многу мал одмор.
Второ, земјите фаворити на ова првенство имаат младински академии во кои за играчите се грижат цела армија на луѓе, што лекари, што нутриционисти, што тренери, што психолози, а нашиве ракометари(барем оваа генерација, за помладите не знам) се производ на ракометни школи, во кои освен тренинг и натпревари, друго ништо нема. И јас сум репрезентативец на мојата земја и знам како е кога пливам против некои од Балканот, а како е кога пливам против некои од развиените европски земји, за преку океаните па ич да не правиме муабет.
Со оглед на фактот како стои и на кое ниво е спортот во оваа земја, сите треба да бидеме задоволни од пласманот на нашите репрезентативци, дури и да ги изгубат следните натпревари, што никој не посакува да се случи.