PayPal (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Oblivion
  • Време на започнување Време на започнување
Еден другар го активира пејпал акаунтов исто преку тутунска, словенија итн, али коа сакаше да купи нешто со парите што ги стаи му пишаа дека треба да прати доказ некој као пасош/лична карта за да ја утврдат адресата.. и чаре?
и мене ми се има случено тоа, чаре , ке оди во тутунска и ке бара нова виса картичка ко божем оваа му е оштетена и ке напраи нов акаунт, ја земав нова и џабе дадов 350 денари пак истото ми побараа и се откажав више од пајпал
 
Дечки , дали некој има пробано да регистрира акаунт на PayPal. Јас се обидував , но залудно. Македонија сеуште ја нема на листата. Се обидов и со Словенија, но ми вика дека фиксниот телефонски бр. (кој го пишувам како оригинал словенски на пр: +386?????) не е валиден.
Заглавувам токму на оваа банална фора. ХЕЛП!!!!!!!!:toe:
 
Напиши го во овој формат и ке го решиш проблемот 00386??????

--- надополнето ---

Еден другар го активира пејпал акаунтов исто преку тутунска, словенија итн, али коа сакаше да купи нешто со парите што ги стаи му пишаа дека треба да прати доказ некој као пасош/лична карта за да ја утврдат адресата.. и чаре?

Чаре за ова ке има кога Макеонија ке ја има на листата на Paypal
 
ima li nesto novo za PAYPAL vo Makedonija , slusnal li nekoj nesto, do kaj se rabotite
 
опаааа еве бизнис. сакаш да ти купам? :baeh:
јас си купувам со PayPal и не ми праи никакви проблеми. неколку пати досега ми имаат стигнувано порачки
 
Остајте го пејпал користете си алерт или манибанкерс.
То пејпало ти е ризик во секој момент можи да останиш труден!!!!!
Зато пазете
 
Дали некој досега има примено девизни средства од надвор (Англија, Франција, САД, Канада, Шведска) преку PayPal?
Доколку да, дали единствен начин за да се користат тие добиени средства е доколку останат на PayPal сметката, или пак смее корисникот да ги повлече парите од сметката, и да ги префрли на банковната сметка/кредитната карта? Во превод, дали има некоја рестрикција? Прочитав на it.com.mk чинам, за такво нешто, не сум баш најсигурен. Според сите закони на логиката не би требало да има рестрикции, ама поради тоа што тука законите на логиката немаат којзнае колкаво значење, да си прашам.

Еј глеам дека не ти одговориле овие а и мене ме интересира истото, па да те прашам да не си најде одговор?
 
Остајте го пејпал користете си алерт или манибанкерс.
То пејпало ти е ризик во секој момент можи да останиш труден!!!!!
Зато пазете
Не зафркавај. Досега ме немаат зафркнато за никоја порачка. Најчесто трошам на ибеј
 
За плаќање и купување работи нема да ти прават проблем, ама ако примиш пари на paypal сметката и пробаш да си ги префрлиш во банка, може да ти побараат да го верификуваш акаунтот, а оти е регнат на словенија, нема да можеш и ќе ти го блокираат и парите не ти ги даваат.

Наводно после 6 месеци ќе ги префлреле парите и целосно ќе ти го избиршат акаунтот.
 
Затоа не треба да префрлате така пари, само трошете ги. :)
 
Јас имам мало проблемче со ова paypal уствари беше мало на почеток сега станува поголем проблем :D пред некоја недела си извадив виза електрон од НЛБ тутунска банка и радости живи дека и јас ке имам paypal па ке може од ebay да си купувам па и електронско банкарство отворив ко демек ке ги гледам трансакциите па и пари ставив демек да има да се врти нешто ама на крај ништо не испадна. Отворив paypal акаунт се по список како треба стаив земја Словенија но сега тука е проблемот статусот сеуште ми е unverified и кога ке кликнам на get verified нели вика име презиме број на картичка, тип на картичка и кога ке клинкам continue ми се појавува едно извичниче и ми пишува the credit card number you have entered cannot be verified only credit cards from approved countries may be used on paypal :( еве денес пак пробав ај викам нешто да не треба да легнат парите ова она ама ништо истото пак си излага на секој обид да ја верификувам. Бев вчера до филијала и тој дечкото шо беше на шалтер ми вика нз ја брат нишо ги зимаат за paypal до сеа никој не се жали а и доста луѓе што ги знам имаат paypal на овој начин и им функционира беспрекорно... или ја сум баксуз само или толку беше со оваа финта за paypal. Ако немој знае да ми каже нешто во врска со ова, ако некој имал слична фрка нека пише :) фала
 
Од кога ќе ја земеш картичката и кога ќе се регистрираш на Paypal, мислам дека ти зимаат 1.5 евра од картичката, ги ставаат на Пејлап (да види дали се е како што треба) и после ти ги враќаат. Ова трае 2 недели. Јас чекав 2 недели да ми се верифицира па дури потоа можев да си користам Paypal.

На темава мислам дека имаше подетално за ова, не ми текнува точно како беше.
 
Какви 2 недели, верификацијата трае неколку работни денови... Ти зимаат 1,5 евра и кога ќе се изврши трансакцијата ќе видиш во последни активности на сметката треба да имаш „XXXXXXXXXXX YYYYПАЅПАЛ*ЕЏПУСЕ“ или нешто такво... место YYYY имаш бројки, пиши ги во Verify и готово.
 
Пишав де, НЕ МИ ТЕКНУВА ТОЧНО КАКО БЕШЕ :)

Ова може да помогне:

Има пејпал....хелоу
Виса електрон од НЛБ Тутунска и се регистрираш на пејпал као Словенија. Адресата твоја домашна и Пријатно создравје.

Пробано, работи, доставуваат.

Туторијал
одјете во НТБ Тутунска Банка и земете си Visa Electron дебитна картичка (ако немате сметка ќе треба да отворите, малолетни може да извадат дополнителна картичка за +200 денари трошок, месечен трошок е 10 денари по транзакциска сметка).
Откако ќе ја земете и активирате, појдете на PayPal страната и регистрирајте се како Personal aкаунт.
За земја на регистрација, одберете ја Словенија, а сите други информации внесете ги точни (Македонска адреса на живеење, телефон...).
Откако ќе го направите вашиот акаунт, одете во делот „Add Credit or Debit Card„.
Внесете ги сите информации барани од вас (Card Verification Number е на задната страна од картичката).
Кликнете „Add Card„.
Од вашата сметка ќе бидат одземени 93 денари (1.5 евра) како потврда, а подоцна вратени на вашиот PаyPal акаунт.
Сега појдете на овој линк од НЛБ Тутунска Банка, направете си профил (горе лево) и автоматски ќе ви ја поврзат картичката со профилот.
Потоа ќе појдете овде, и ќе ја одберете Visa Electron од листата. Ќе видите дека како резервирани средства имате 93 денари (ако не и повеќе од други транзакции). Ќе чекате се додека тие не се намалат на 1 или 0 денари.
Тогаш ќе појдете на овој линк, ќе кликнете на „Побарај„ копчето и ќе ги видите вашите транзакции. Најпоследнaта треба да е таа од PayPal. Во описот ќе стои нешто слично на ова:
Код:
XXXXXXXXXXX YYYYПАЅПАЛ*ЕЏПУСЕ
Ќе ги запазите бројките овде назначени со Y. Тоа ќе се 4 бројки.
Логирајте се сега на PayPal и одете „Verify„ од „My Accout„ страната.
Ќе ви биде побаран тој четроцифрен број. Внесете го.
Сега сте потврдени и на вашата PayPal сметка ќе бидат вратени тие 1.5 евра што ви беа земени од картичката, во рок од 24 часа.
Исто така можете да го направите вашиот акаунт од Personal во Premier за да ги дигнете вашите лимити, а колку што видов, се прави бесплатно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom