Медицински и стоматолошки факултет

  • Креатор на темата Креатор на темата Попај
  • Време на започнување Време на започнување
Значи вака јас ве гледам веќе си полагате имате други насоки во разговорот но имам ВАЖНО ПРАШАЊЕ..
Матуранка сум. Земав предмети за полагање Хемија и Биологија затоа што сакам да се запишам на Општа Медицина.. Е сеа прави ли разлика ако проектна земам Хемија а не Биологија? Што мислите вие? И ако може да ми кажите оваа година колку бода имаше последниот примен приватна на Општа Во Скопје? Да знам колку поени можам да дозволам да изгубам .. :)

Проектната не игра никаква улога во самото аплицирање на Општа медицина.. Ти носи само дел од бодовите со кои конкурираш. Си полагаш биологија и хемија ако си од гимназија, или пак стручен и биологија/хемија ( и физика можеше до лани да се земе , сега не знам.. ) ако си од средно медицинско.
Инаку оваа година прво примија 120, до 93 поени ( или 94 ) , а потоа ја проширија квотата за уште 80, некаде до 87 поени, ама се тоа околу бодовите е релативно, зависи до самата генерација и како ќе пројдете на матура..
 
Фала на инфото.. А оваа година колку ќе примат пак 120 или 120+80? Дали сега квотата е проширена за сите години или само за оваа година?
 
Фала на инфото.. А оваа година колку ќе примат пак 120 или 120+80? Дали сега квотата е проширена за сите години или само за оваа година?

Колку ќе бидат предвидени за примање наредната година ќе дознаете откако ќе излезе конкурсот, а дали и за колку ќе има проширување на квотите се дознава дури таму после излегување на преелиминарните резултати од пријавувањето во првиот уписен рок.
 
иде ли некој од вас во читалната во медицинар да учи ???
 
Ме интересира дали тука има некој забен техничар?
 
Се сложуваш ли со мене дека многу галама праат оние што доаѓаат за време на пауза од факс групно да учат (најчесто се бруцоши). Не не оставаат нас редовните кои ја користиме читалната на мира да учиме.
Сега условите се многу подобрени за разлика од порано, има и клима и нови столчиња, мерак да ти е да учиш :)
 
Па добро зависи како ќе начекаш, иначе сегде се праат такви гужви, на пр одев и Браќа Миладиновци кај библиотеката и таму ептен е гужва во ходникот и се слуша до внатре. Иначе во Медицинар има супер услови, само пошо не седам во домот за ве це е проблем
 
јас седам во домот така да за мене одговара, но не гледам проблем за ве це можеш во било која машка барака да влезеш то не е никаков проблем.
 
Што може да се специјализира по завршување на медицински тука кај нас? Чисто информативно :)
 
Што може да се специјализира по завршување на медицински тука кај нас? Чисто информативно :)
Еве што најдов на страната на медицинскиот факултет:

http://www.medf.ukim.edu.mk/upload/dok/1111_748369541.pdf, само чудно ми е што нема гинекологија.

Чекај сеа ќе прашам и на fakulteti.com.mk да видам што ќе кажат.
 
Знам дека сигурно има гинекологија, психијатрија, анестезиологија, интерна медицина, ортопедија, педијатрија само што ме интересираше листа на можности :))
 
Ме интересира за Забен Техничар што е како е ако има некој поупатен да му објасни?
 
Дечки ме интересира дали некој одовде е запишан општа медицина во Штип ??

И дали знаете дали се прифаќаат други интерни предмети освен биологија и хемија?? (за државна квота)

Однапред благодарам
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom