Медицински и стоматолошки факултет

  • Креатор на темата Креатор на темата Попај
  • Време на започнување Време на започнување
Јас кога барав за Бугарија, ми кажаа дека студиите се околу 5500 евра за странски студенти со тоа што една година ќе изучуваш бугарски.
Да не имаш повеќе информации за болдираново?
Пред 9 години полагав и јас таму - значи полагаш приемен - тогаш беше само Биологија на бугарски полагање. Ако влезеш во првите места - тие им се доделува стипендија. Ако не влезеш - тогаш се плаќа. Така беше тогаш а денес ако те интересира можеш да се информираш во Министерство за образование во Софија или некој што полагал скоро во Бугарија па да ти каже или одве да пише на форум.
А тоа за бугарски учење е откако ќе те примат - летото после приемниот ќе учиш 3 месеци и полагаш во септември бугарски јазик и во октомври почнуваш.
 
Нас фармацевтиве не не дружите во темава, а???
Или ние посебни сме.:icon_lol:

Туку да прашам јас дали на некој му предавал Елена Докиќ-Микробиологија???
 
Нас фармацевтиве не не дружите во темава, а???
Или ние посебни сме.:icon_lol:

Туку да прашам јас дали на некој му предавал Елена Докиќ-Микробиологија???
Мене ми предава, шеф на катедра е.
 
Дали би можел да пишиш што дава одприлика?:)
Истите тестови од ланските години хаха. Побарај тестови од медицина.

Или пиши ми фб по приватна порака, ќе те аднам, и ќе ти пратам материјал, па ќе видиш отприлика што дава.
 
Некој да ми помогне со пополнување на книшка за приправнички стаж ?! стручни забни
 
Точно е тоа дека на институтот по фармакологија давале 50000 денари за "доброволците" кои ќе се пријават и ќе се согласат врз нив да се испитуваат вакцини?
 
A да прашам вака некој дали знае кога почнуваат предавањата за 2 семестар општа медицина ?
 
A да прашам вака некој дали знае кога почнуваат предавањата за 2 семестар општа медицина ?
Предавањата ти започнуват на 4ти февруари види си на страната www.medfaxukim.com имаш распоред
 
Дали може после завршен мед фак во Штип,општа медицина,да се оди на специјализација надвор од Македонија,т.е. дали ќе важат дипломите?
 
Дали може после завршен мед фак во Штип,општа медицина,да се оди на специјализација надвор од Македонија,т.е. дали ќе важат дипломите?
Колку што знам, дипломите од УГД важат во Русија и Турција.
 
дали некој студира за физиотерапевт? прочитав дека студиите траат 3 години, но дали може некој нешто повеќе да ми каже? од прилика колку души можат да влезат во државна квота? кои предмети се изучуваат? какви се професорите од прилика и дали е тешко или сепак се турка некако?
се недавам дека за овде е прашањето и се надевам ќе ми помогне некој :)
 
Јас студирам. 50 души државна квота, освен ако не решат да променат од годинава.
Студиите 3 години траат, потоа ако сакаш да продолжиш на постдипломски сега за сега само во странство (акредитирани студии се така да тоа ти е прилично изводливо) .
Предметите види ги на medf.ukim.edu.mk во секција „Наставна Дејност“, многу се инаку. Ќе имаш премногу предмети во семестар, ама се тера. :)

Професорите се малце стари, по стручните предмети ќе имаш 2-3 исти професори што ти се повторуваат и ќе ги научиш одма кој какви колоквиуми/испити дава, така да тоа е бонус.
Ако имаш други прашања, слободно прашај :D
 
дали некој студира за физиотерапевт? прочитав дека студиите траат 3 години, но дали може некој нешто повеќе да ми каже? од прилика колку души можат да влезат во државна квота? кои предмети се изучуваат? какви се професорите од прилика и дали е тешко или сепак се турка некако?
се недавам дека за овде е прашањето и се надевам ќе ми помогне некој :)
некој друг? никој друг не студира од форумов? :cautious:
 
Би можело ли некој да објасни како е да се студира логопедија во Скопје? :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom