- Член од
- 5 февруари 2010
- Мислења
- 290
- Поени од реакции
- 58
Според мене треба да се изучува етиката во училиштата на сите нивоа ( основно, средно, факултет... ). Со оглед на тоа што се случува и што можеме да видиме секојдневно околу нас, сите оние ситуации и случки кои не избезумуваат мислам дека навистина голем дел од луѓето се оддалечуваат, а можеби и воопшто не го знаат вистинското значење на зборот "човек". Сепак сметам дека животните вредности и вредностите кои што треба да ги поседува секое и едно хумано суштество пред се треба да ги научи од најблискиот круг на живеење ( семејството, пријателите и сл. ) Како една личност ќе се развива и однесува понатаму во животот пред се зависи од тоа какви корени има поставено од самиот почеток, па се понатаму во неговиот психички и физички развој.