Е да, пропустите во домашниот „воспитен“ процес ќе ги оправало килавото ни образование... Етиката или моралните вредности и човечноста се дел или треба да бидат дел од семејното давање/земање, да бидат спонтана, секојдневна форма на оформување и облагородување на нечија личност, а не час од 40 минути од некој што не зел плата не знам колку месеци.
И јас сум слушнал дека образованието освен образовна, ко бајаги имало и воспитна функција (демек наставникот - професор е загрижен в.д. мајка и татко на цели класови), ама реално од тоа никогаш немало ништо.
Не велам дека треба да викнеме поп/оџа на помош, како алтернатива за предметот етика. Мислам дека местото на тие работи им се во домот/ семејството т.е. црквата/џамијата. Ако таму некој у.ере, не помага никакво образование. Образованието, според мене денес (треба да) служи за дооформување на личноста, за збогатување на фондот на знаења. Не верувам дека менува карактери, барем не кај нас. Секако не на подобро.