револтиран сум од постовите на постарите форумџии. Сите пишат нешто како тинејџерите не знаат да што е љубов.
За почеток, тоа "сите", не ти кажува нешто повеќе?
Прво и основно не може да се генерализира затоа што сите се различно, тоа е прво.
Точно, секаде и во се` има исклучоци, но мислам дека нормална мана е да се дискутира за почестата отколку за поретката појава.
Второ дали тоа можеби го пишите затоа што вие се имате изгорено во тие години, и со тоа само кажувате дека вие не знаете да сакате.
Се анализираме? Добро.
Сум се "изгорела" и верувам дека ќе ми се случува тоа додека сум жива. Тоа твоето значи дека сега сум напатена девојка која нејќе да си го признае тоа, па кажува дека не сакала воопшто?
Туку не ... ако прочитам два пати и појасно што си пишал, ми нема смисла реченицата ... сум се изгорела, а незнам да сакам ... сум се изгорела, а незнам да сакам? Како тоа? Ако незнам да сакам нема да знам ни како е да се изгориш, нели?
Ако анализираме, дај нека има логика тоа ...
Ме интересира мислење ќе ви ја опишам мојата врска (иако е глупаво) но сепак премногу сум револтиран заради мислењето. Значи во врска сум со девојче 3 и пол месеци.
Вистината боли и револтира, а врска од 3 и пол месеци не е никаков факт дека ти знаеш што е љубов, напротив, колку и да те повреди тоа што ќе ти го кажам, тоа е ништо.
Прво никогаш не ми паднало на памет тоа за да ја легнам само и така натаму како што пишувавте. Значи кај неа ми се допаѓа се. Не правам муабет за физичкиот изглед туку, поглед на свет, размислување, карактер, тоа што е многу слична со мене во секој поглед како на пример, проценка на личност, стил на живот, стил на облекување, вкус за филм,музика и т.н. Не сум со неа за да се шетам со неа и да се фалам на кој ќе стигнам. Пред да бидам со неа таа ме измачуваше по цело време и на неа нон стоп мислев. Но, тоа го немав кажано на никој, затоа што тоа си го чувсвувам како моја интима. Имаме прекрасна врска. До сега се немам расправано ВООПШТО, во врската немаме ни најмала љубомора имаме целосна доверба еден во друг.
Бла, бла, бла ... стандард муабет. Нормално дека во една штотуку почната врска се` е во ред, многу ти се допаѓа, уште ти е интересна, не се карате, не сте си љубоморни итн. Што кога таа врска ќе продолжи до 1-2 години? Мислиш дека ќе ти е истото? Дека така млади ќе знаете да се справите со првиот проблем на кој ќе налетате? Дека ќе можете да одолеете на некоја нова поинтересна личност, кога моменталната ќе почне да ви е веќе досадна?
Можеби заминав подалеку од тоа што ти го мислиш и планираш, но нели љубовта не е една кратка врска, па да го развлечеме муабетот, иако неможеш и да сакаш да ми одговориш точно на прашањава.
Мака ми е да комплицирам сега, а има доста за комплицирање кога веќе така "навредени" се фрлате, затоа ќе прашам само едно нешто ... кажете ми што е љубовта за вас. Дајте ми дефиниција како тоа ја замислувате и доживувате, ќе ви дадам и јас после тоа, па ќе видите дека има разлика меѓу нас, затоа што вие сега почнувате да ја живеете и запознавате постепено, а јас, т.е. ние повозрасните сме малку пред вас.