Natural-girl
Morphine
- Член од
- 16 октомври 2007
- Мислења
- 3.462
- Поени од реакции
- 5.246
So true!Има луѓе,кои се едноставно позатворени,не изразуваат чувства.Едноставно другиот партнер треба да се прилагоди на тоа,да разбере,дека едноставно особата на таков начин,свој и посебен изразува,покажува љубов.
Гестовите се битни надополнети со чувството дека е некој сакан.
Некој може сите ѕвезди да ги симне и пак да осетиш дека едноставно не го прави тоа од љубов,него онака,од некоја навика,од мерак.
Има некој што нема да симнува ѕвезди,кој ќе биде повоздржан,но со своите постапки ќе направи својот партнер да се осеќа како најсаканата личност на светов,а и самото ќе се почувствува дека го прави тоа од љубов.
Некои изразуваат чувства, симнуваат ѕвезди само за да добијат фидбек од другата страна односно да се почувствуваат сакани.
Некои кои се навистина вљубени и кои се отворени тоа го покажуваат заради онаа внатрешна жар и исполнетоста која ја чувствуваат при нејзиното споделување.
Некои се вљубени но затворени во себе и ете не можат со зборови да ја изразуваат љубовта.
Всушност, гестовите се многу поважни од `те сакам` и сличните изјави. Посебно у денешно време кога `те сакам` е омилена msn или hi5 фраза на 15годишни.
Ако не ме слуша додека зборувам, ако не внимава додека му објаснувам нешто што мене ми е важно, ако не ги прави оние мали работи кои се показатели (како јавување кога доцни, паметење на првата средба итн итн) тогаш која е гаранцијата дека ќе биде тука кога нема да биде се` мед и млеко, односно дека нема да избега во момент кога ми е потребна неговата подршка а не неговата духовитост, љубезност и слични особини?