Алан Форд повторно во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Aco_Lojd
  • Време на започнување Време на започнување
Онлајн е тиња... Поинтересно е у печатена форма, тоа е филмот :)
 
Фала Богу конечно ќе го имаме еден од најдобрите стрипови на македонски...колку шо знам во план е да се издаваат и други јунаци на македонски...конечно и младиве генерации ќе можат да се запознаат со светски познатите стрипови на својот мајчин јазик
 
Во првите 10 дена на месец Септември ќе излезат првите два броја со стрипот Алан Форд во тврд повез како колекционерско издание во тираж од 500 примероци.Стрипот најверојатно ќе оди во затворен продажен простор од типот на Рамстор,Тинекс,Тобако,а помалку во трафики.Со ова,ќе започне кам бекот на македонското стрип издаваштво,овој пат наменето директно кон колекционерите во полуксузна форма и дизајн.Еве ги конечните корици за првиoт број.
af1finalcopyjl9.jpg
 
И пратите по некој примерок во другите поголеми градови во МК,не само во Шкуп.
 
И пратите по некој примерок во другите поголеми градови во МК,не само во Шкуп.
Се разбира...
да најавам само преговори за Таличен Том,Кен Паркер и Приказни од Дивиот Запад кои се во почетна фаза..се разбира,ги поздравувам сите на кајгана и сопствениците тука на кои му нудам било каков вид на соработка и се надевам дека ова не прекршува некој дел на постулатите за реклама...како и да е,за се ќе ве информираме тука во однос на излезноста на броевите,преговорите со другите иматели на права,во кои градови ќе се продаав и по која цена...во овој случај,сите патишта водат кон најдобориот веб во Македонија и форумот на Кајгана..без лице правeње...

за се друго повејќе инфо на форумот на www.stripovimk.tk http://forums.cjb.net/index.php?mforum=stripovimkcom
 
Ацо дај полека малце,па не сме ние Америка или Хрватска човече...:helou:
па тоа се желби ако успее со овој јунак првично,ќе мора да се гледа и натака..ако не,барем сме пробале нешто..ќе те замолам само да ја тргнеш внатрешната слика од стрипови ком за која немам право за други форуми,додека насловната може да ја оставиш..благодарам однапред и без песимизам..
 
Од извори блиски на Групата ТНТ слушнав дека за 2-3 дена ќе почне да се дистрибуира првиот број од македонското издание на Алан Форд...ајде конечно да го видиме тој фамозно најавуван Алан Форд на македонски...барем и децава кои ја немале таа среќа како мене да живеат во времето на читањето на стрипови ( осумдесеттите години на минатиот век ) , ќе можат да се запознаат со еден од култните стрип јунаци и тоа на литературен македонски јазик...хе хе
 
af1prednacopyne9.jpg


Алан Форд

Групата Тнт

број:1
црта:Magnus
пишува:Max Bunker
насловна:Luigi Corteggi
превод:Делфина Велјаноска
адаптација:Алекс
обработка:Никола Темков
печати:Зомес Прилеп
обоеност:црно бело
повез:мек & тврд
издава:Varm comics
оргинал:Il Guppo Tnt
1969-2008
www.varmcomics.com

напомена..изданието излегува во тврд и мек повез..мекиот повез се продава на трафиките низ македонија додека поскапото издание со тврд повез се продава само во продавниците на тинекс и тобако..еве малку пример од изданието сликано со слаба веб камера..бирајте внимателно и разгледајте пред да го купите бидејќи има по некое издание со по некоја грешка...на здравје,ете македонски стрипови повторно кај нас

af4hv8.jpg
picture027bl8.jpg

 
Ејјј боб рок па каде си ти.А ги има во кавадарци стриповите?
да,се разбира дека ќе ги има..само како слушам,кавадарци вејќе биле продадени,не сум сигурен,не можам да знам уште од сега..
 
Денес го купив (полу)мекото издание и имам само да речам БРАВО на издавачот.Особено е интересно пластифицираните корици на мектото издание што го прави нешто како полу-тврдо издание.:aplauz:
 
Денес го купив (полу)мекото издание и имам само да речам БРАВО на издавачот.Особено е интересно пластифицираните корици на мектото издание што го прави нешто како полу-тврдо издание.:aplauz:

Oд кај го зема и колку пари (се сите изданија)?
 
Тобако Охрид наспроти Охридска банка.120 денари меко(пластифицирано издание).Тврдо издание не видов.То е 200 денари најмногу за колекционери наменето.Цената на изданијата со оглед на квалитето на стрипт е горе-долу нормална.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom