#2 - Најдобрите македонски ПОП албуми - ГЛАСАЊЕ

@PticaSelica , @ЈуријАркадиевич , @Setsuko , @Sussaro , @Ska Maniac , @Darling , @Psyside , @placeb , @џимеј , @AceCaleb , @ohrid66 , @DJMorrison - се последните 12 души кои гласале за рок, а се уште ги нема да гласаат за поп. Затоа, потсетување - ГЛАСАМЕ ТУКА
У гужва сум, нејќам безвеза само да исштракам...
до кога е последниот рок?
 
У гужва сум, нејќам безвеза само да исштракам...
до кога е последниот рок?
Недела, 19:00
Автоматски споено мислење:

Веќе почнаа да се кристализираат работите. 18 гласачи до сега, ако остане вака до крај:
-ќе влезат на листата 24 албуми од 13 различни изведувачи
-само 7 од изведувачите што ќе влезат, се со по 1 албум, останатите 6 се со по 2 или повеќе
-моментално првопласираниот албум е со 15 поени, 4 повеќе од вториот, и за него со сигурност може да кажеме дека е веќе влезен на листата, а знам дека сите претпоставувате за кој се работи.
-дури 12 од 24 албуми се од 90-тите
-два албуми се уште немаат ни еден глас
-6 од 24 албуми кои ќе влезат се од една иста продукција, верувам исто погодувате која

Дури 14 албуми имаат само еден глас помалце од 24 место. Се уште можат многу нешта да се сменат. Се менуваат со секое гласање, затоа - ги очекувам вашите гласови!
 
Збориме за музичкиот гениј, македонскиот музички Ајнштајн - Драган Ѓаконовски Шпато.
Еден од основоположниците на македонската забавна музика. Во 1945 година, на само 14 години ликов формира забавен салонски оркестар, па студентски аматерски џез оркестар. Тој е татко на првата џез композиција „Тема I“. Додека луѓето во Македонија орале со волови, Шпато свирел џез музика. Тој е еден од основачите на забавниот ансамбл на радио Скопје, а подоцна и на големиот ревиски и танцов оркестар. Шпато е диригент, композитор и аранжер.
До утре може да се збори за значењето, влијанието и придонесот на Шпато во македонската забавна музика, предолга е листата на неговите музички дела и навистина би било вистинска штета име како Шпато да не е на листа на најдобри македонски албуми.
Шпато е синоним за македонска забавна музика, синоним за уметност.

Ноне има цицки. Толку

Ништо лично, само логично :icon_mrgr:
Многумина не се родени периодот кога Шпато музицирал и бил акруелен. Јас знам кој е Шпато ама не ми е толку музиката негова од мојте времиња. Знам и за песни на Драган Мијалковски, Верица Ристевска, Даниела Панчетовиќ, Диме Поповски, Славе Димитров.. но не им знам нивни албуми.

Јас сум роден 90та година и повеќе ги знам албумите на Каролина, Тоше, Дуле и Коки, Мартин Вучиќ, Калиопи, Нокаут, Ерзана, Врчак, Студеби нозе, Нулта Позитив, Нови Дечки, Ребека, Сашо Спасовски, Владо Јаневски, Дани, Андријана Јаневска...
 
Мал update по 20 гласачи (за сега, само 3 помалку од рок албумите).

Ако остане вака, 21 албум од 13 изведувачи (поточно 12.5 изведувачи зашто еден бенд е технички истиот, со мали измени) влегуваат на крајната листа. Ги следат 9 кои имаат само еден глас помалку од дваесет и првиот.
2 албуми се се уште без гласови.

Има време, уште ден и пол, многу работи можат да се сменат, затоа ГЛАСАЈТЕ ТУКА!
 
@PticaSelica , @Setsuko , @Sussaro , @Darling , @placeb , @џимеј , @ohrid66 , @DJMorrison - уште 24 часа за гласање.
Автоматски споено мислење:

@Darling гласаше. Што смени? Додаде 3 албуми кои ако сега заврши гласањето би влегле во конечната листа, и еден албум во оние кои заостануваат за само 1 глас. Сега листата би имала 24 нови албуми и уште 7 кои се таму за малку.

Оние 2 албуми кои немаа бодови - уште немаат.
Автоматски споено мислење:

FB_IMG_1755367234852.jpg
 
Последно уредено:
Многумина не се родени периодот кога Шпато музицирал и бил акруелен. Јас знам кој е Шпато ама не ми е толку музиката негова од мојте времиња. Знам и за песни на Драган Мијалковски, Верица Ристевска, Даниела Панчетовиќ, Диме Поповски, Славе Димитров.. но не им знам нивни албуми.

Јас сум роден 90та година и повеќе ги знам албумите на Каролина, Тоше, Дуле и Коки, Мартин Вучиќ, Калиопи, Нокаут, Ерзана, Врчак, Студеби нозе, Нулта Позитив, Нови Дечки, Ребека, Сашо Спасовски, Владо Јаневски, Дани, Андријана Јаневска...
Па што ако не се родени во периодот кога музицирал? Според твојава логика треба да слушаме и познаваме музика само од времето после нашето раѓање?:cautious:
Туку во право си, јас и Шпато генерација, мајка му и мајка ми, жени:pos:

На листава треба да влезат влијателни албуми, албуми кои влијаеле на текот на музиката во одреден жарн, пионерски албуми, кои донеле нешто ново кај нас, албуми кои не подлегнле на забот од времето, албуми со голем успех, а не дали мене ми се допаѓаат и дали јас ги знам или не ги знам.
 
Да може да се слушаат и песни од времиња кога повеќето не биле ни планирани да се создадат на овој свет. Но некако сметам дека на повеќето тука поблиски ни се песните од времињата кога растеле.

Повеќето верувам не знаат и не им текнува кој се албумите на Шпато, на Драган Мијалковски, Диме Поповски, Верица Ристевска и други
 
Не треба да знаеш и да ти текнува коИ се албумите на Шпато, Диме, Верица, Драган (последните 3 не ни имаат албуми, ама тоа е друг муабет :D ). Затоа во воведното мислење имаш линкови до сите албуми ако сакаш нешто да преслушаш. Убаво ти кажа @Darklady , тука негласаме за албумите кои ни се поблиски нам и со кои сме растеле, туку за албуми што оставиле траг во македонската музика и што се значајни за нејзиниот развој: пионерски албуми, албуми кои вовеле некој звук кој подоцна бил прифатен, култни албуми и сл. Затоа пишав -трудете се да бидете пообјективни и да ги оставите личните преференци на страна.
 
26 гласачи до сега. Ги поминавме рок албумите по број на луѓе кои гласале. 21 албум имаат по минимум 9 или повеќе гласови до сега, и уште 9 албуми со по 8 гласа. Прашање е дали да оставиме само 21 да влезат или 30? Или ако се појави уште некој гласач, може ќе смени нешто: @PticaSelica , @џимеј , @DJMorrison. Уште еден саат останува.
 
гласано
 
ОК guys, фала на сите за одвоеното време и гласовите. Гласањето за ПОП албумите во овој момент завршува. Додека ги чекате резултатите од истото, можете да се префрлите во следниот жанр, каде ќе биде 100 пати потешко! Бираме НАЈДОБРИ МАКЕДОНСКИ ФОЛК АЛБУМИ.

Кај ПОП албумите, можам да ви кажам само дека гласаа 28 членови на форумот (дури 5 повеќе отколку за РОК). 24 албуми ќе се приклучат на 31 рок во конечната листа. Stay tuned...
 
Ова се 24 поп албуми кои влегуваат во конечната листа - ТОП 100 МАКЕДОНСКИ АЛБУМИ:

1. Тоше Проески - Игри без граници (2007, Award Entertainment / Енџел Мјузик) - 21 глас
2. Студени нозе - Нејќу колор телевизор!!! (1994, Audiolab) - 17 гласа
3. Калиопи - Обои ме (1999, Алпи) - 16 гласа
4. Тоше Проески - Некаде во ноќта (1999, Авалон продукција) - 15 гласа
5. Тоше Проески - По тебе (2005, Award Entertainment) - 15 гласа
6. Тоше Проески - Синот божји (2000, Авалон продукција) - 13 гласа
7. Ластовица - И да умрам млад (1992, Рос Рекордс) - 12 гласа
8. Куку Леле - Кажи ми, речи ми (1995, Продукција Студио Рос) - 12 гласа
9. Куку Леле - Постела од рози (1999, Ultimate продукција) - 12 гласа
10. Каролина Гочева - Знаеш колку вредам (2003, Авалон продукција / Сити Рекордс) - 12 гласа
11. Куку Леле - Куку Леле (1994, Продукција Студио Рос) - 11 гласа
12. Ристо Самарџиев - Таму кај што си (1998, Аудио Видео CD Студио Феникс) - 11 гласа
13. Каролина Гочева - Зошто сонот има крај (2001, Авалон продукција) - 11 гласа
14. Калиопи - Ако денот ми е ноќ (2001, Kaliopi Music Production) - 11 гласа
15. Меморија - 5 (1995, МРТ) - 10 гласа
16. VA - Најдоброто од Макфест (1995, MEI Makfest) - 10 гласа
17. Врчак - Како да побегнам од сe (1999, Авалон продукција) - 10 гласа
18. Тоше Проески - Ако ме погледнеш во очи (2002, МРТ) - 10 гласа
19. Тоше Проески - Ден за нас (2004, Final Cut Production / МРТ) - 10 гласа
20. Бастион - Бастион (1985, PGP RTB) - 9 гласа
21. Нокаут - Нокаут (1998, МЕИ Макфест / Буба Мара Продукција) - 9 гласа
22. Игор Џамбазов - Ова не е блуз (2001, Авалон продукција) - 9 гласа
23. Владо Јаневски - Има нешто посилно до се (2002, Авалон продукција) (не можам да го најдам за преслушување) - 9 гласа
24. Каролина Гочева - Во заборав (2005, Авалон продукција / Сити рекордс) - 9 гласа

Е тука прв пат имаме проблем со албум кој го нема за преслушување никаде. Доколку не го најдеме или не успееме да направиме една плејлиста со песните од него, за жал албумот на Владо Јаневски ќе мора да испадне од конечната листа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom