1TV.mk (национална и интернет телевизија)

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Дај бе овој нека го прибере жуто комбе. Доаѓаш од работа, ручаш и седнуеш да свртиш тв нешо, налетуеш на лудак шо коментира тинејџерки мртов озбилен и тоа со феминизирани покрети, глас...фрик јеботе. Шо не му даат термин после 11 навечер...
 
Цацко рекламираше сателитски за тотал тв на времето, далеку од тоа дека телевизијата е негова. Си има он друга работа, советник на министер е.
 
вчера Драган Вучиќ , Ферус и ќерка му на Ферус од 6 години во на Драган автобусот. Втор ден не можам да се вратам со паметот од тие 3D муабети што се свртеа во тие 15 минути чисто тв злато...
 
вака нака испадна сите по цел ден ја гледате телевизијава
зарем толку е лоша
 
Многу им е јак водителов на временската прогноза. Со мистичен глас, подгрбавен, као некоја средновековна црковна тајна да открива, а збори за очекувана температура у Берово. Со дијалектот не се ни труди да го трансформира у литературен, телевизиски говор...
Се поголем циркуз ми е телевизијава некако.
 
Каков кокошарник!
Одамна не бев гледала побезвезна емисија. Девојката имам таков сељачки тон, за никаде е, дечково џабе што има тетоважа, а темите им се да се обесиш.
На секоја питијада и леблибијада пееле Арнаудова. Како да се лути што и ги зема тезгите на големата пејачка Тамара. После за кавгата меѓу Мелита и не знам која! Оваа Млита порано изгледаше како оса да ја има каснато на устата, а сега е целата како стршени да ја боцнале!
И не можев да гледам понатаму, почнав и ја као Сергеј да викам дека ќе ми пукне душата!
Што ми требаше!

 
Јас попладне обично го загледувам квизон на ХРТ "Потера" и тамам после иде шоуто на Вучич и Сергеј.
Глеаш у Хрватска каде средношколец знае детаљи од драми на Шекспир и после некоја тетка у автобус како се мучи на прашање која држава е јужно од Канада, па Дракче без гледање у тефтер и помага....и после Сергеј со штиклата "Молим"....а од Хрватска лани си отишле 250 000 луѓе, тек шо ли ќе беше Сергеј да го имаа...
 
Каков кокошарник!
Одамна не бев гледала побезвезна емисија. Девојката имам таков сељачки тон, за никаде е, дечково џабе што има тетоважа, а темите им се да се обесиш.
На секоја питијада и леблибијада пееле Арнаудова. Како да се лути што и ги зема тезгите на големата пејачка Тамара. После за кавгата меѓу Мелита и не знам која! Оваа Млита порано изгледаше како оса да ја има каснато на устата, а сега е целата како стршени да ја боцнале!
И не можев да гледам понатаму, почнав и ја као Сергеј да викам дека ќе ми пукне душата!
Што ми требаше!

Ајде на почеток кога почнаа нешто Шоу Биз бев пријатно изненаден даваа доста почит кон македонската модерна музика но откако се апдејтаа во Ексклузив се се помизерни и помизерни. Ужас за вакви глупости од прилози некој таму зема плата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom