Еве глеам дека на темава претежно жени пишувале, па си викам дај ја ко муж да разбијам монотонија. Што се однесува на стриите, ја ко тинејџер еден период доста се поправив а и тогаш телото ми беше во фаза на оформување, така што приметив дека ми се напраиле огромни стрии на колковите, и тоа од почеток ми беа црвени и големи. Едно време отидов на дерматолог и таму ми кажаа дека џабе се креми доколку стриите се постари од месец дена односно не се свежи и дека ќе морам да си ги носам до крајот на животот. Инаку појавувањето на стриите пред се се јавува поради недостаток на колаген на тие места заради што и кожата пука. Некои луѓе се повеќе склони кон појавување на стрии а некои не се. И тогаш случајно на телевизија гледав некој доктор кој што покажуваше некаква си раквица за стрии. Тоа беше обична ракавица која што имаше рапава предна страна, тој тврдеше дека стриите, кои се резултат на пукање на кожата, се само вишок на кожа која доколку ја масираме односно триеме секој ден по 15 тина минути може да биде отстранета. И јас си викам што ќе ти купувам ракавица, требаше да си најдам само некој рапав предмет. И ми текна да најдам некој рапав камен (не шилест), и земав си купив специјален камен со кој се тријат петици ама неупотребен :kesa: почнав силно да ја тријам кожата кај стријата едно 15 минути се додека тој дел не се раскрваве односно не стана ко рана (само не се плашете раната е површинска, така да белег нема шанси да остане). И обавезно после тоа правите само дезинфекција на раната (Ставете само Бетадине и почекајте, а после тоа со топла вода измијте го местото). Тој дел од телото ќе ве боли едно недела дена а после немате гајле. Одкако помина месец дена, местото ми беше само црвено и приметив дека едно 80% од стријата ја нема. И почекав се тоа убаво да заздрави и го повторив процесот уште еднаш и сега немам никаква стрии на тоа место освен што ми беше црвен делот едно година дена а после тоа и црвенилото избледе. Сега процесот можда малку и ќе боли ама резултатите се сигурни, барем кај мене. А во однос на тоа тие што сакаат да пробаат со ласер јас не сум пробал али знам дека и таму има методи како микродермоабразија и ласерски пилинг, така што ласерскиот пилинг е доста поефикасен од првиот метод. Еден ласерски пилинг е еднаков мислам на 10 - 15 микродермоабразии и е достаточно да се направи еднаш или два пати на местото. Ова го читав на еден од сајтовите на овие дерматолошки клиники кои ви напоменуваат дека стриите не можат да ви бидат целосно отстранети, тие можат само да избледнеат и помалку да се познаваат:helou:.